Во Прилеп беше одбележана 83-годишнината од Дабничкиот масакр, еден од најцрните настани во Втората светска војна. На 19 септември 1942 година бугарскиот окупатор сурово уби 19 партизани од селото...
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со европратеникот Стељос Кулоглу и добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Видет Бушамауи.
Претседателот Џафери за време на средбата ја поздрави причината и целта на нивната посета, кои се остваруваат во вистински момент кога во Собранието се во тек активностите за заокружување на започнатите процеси за евро-атланска интеграција на земјата, а тоа е – номинацијата на премиерите Заев и Цирпас за Нобелова награда за мир, соопштуваат од Кабинетот на Џафери.
Во соопштението се додава дека претседателот на Собранието исто така истакнал дека и покрај одличните економски односи меѓу двете земји, со оглед на фактот што Република Грција е четврт најголем инвеститор во Република Македонија, сепак, отворените политички прашања негативно се одразиле на политичките билатерални односи досега и тоа само докажало дека отворените прашања, доколку се остават нерешени подолг период, генерираат пречки.
Во пр..
1 583 деца биле повикани во полициските станици во 2017 година заради разни причини.Од нив, 38% (или 596) деца го искористиле правото на бранител, ова го покажува Извештајот на „Сојузот за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција“. Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал.
Со цел да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот, министерката за правда Рената Десковска, Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора и Лазар Нанев, претседател на невладината организација „Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција“ денеска потпишаа Меморандум за соработка за да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот.
„Со овој Меморандум за соработка ја потврдуваме нашата подготвеност за целосно почитување на најд..
Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министри во Владата денеска присуствуваа на комеморација за прерано починатиот градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, и им изразија сочувство на сопругата на Стојаноски, на членовите на семејството, и на колегите и соработниците на градоначалникот на Охрид и професор на Факултетот за туризам и угостителство во овој град.
„Во овие моменти тешко е да се најдат зборови за утеха за семејството на Јован. Замина прерано од животот на своите најблиски. Останаа толку многу планови и заеднички очекувања. Во овие моменти на огромна тага, дозволете од мое лично име и од име на членовите на Владата на Република Македонија да упатам искрено сочувство до сите членови на вашето семејство, до роднините и пријателите. Замина прерано и за сите нас. Ненадејната смрт на Јован е загуба за академската заедница, за нашата држава, за партијата СДСМ и за Охрид. Низ годин..
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како надлежно регулаторно тело редовно прави проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација.
При последната ваква проверка, извршена на 14 декември 2018 година, констатирана е ситуација која може да доведе до појава на клиентелистички однос на медиум кон власта. Имено, физичкото лице Виктор Серафимов, сопственик на регионалната Телевизија 3, воедно се јавува како сопственик и на ,,Авто испитен центар Скопје“, којшто според пишувањата на медиумите, „7 дена по основањето има добиено милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје“.
Паралелната сопственост врз радиодифузерот и споменатото правно лице сама по себе не е во колизија со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, меѓутоа остава можност власта да влијае врз уредувачката политика на телевизијата и со тоа да се наруши нејзината уредувачка независност, се вели во соопштението на Агенцијат..