
Двојка од Македонија била на одмор во Неа Каликратија, кога мажот пријавил дека неговата сопруга влегла во морето и исчезнала, пишува Телеграф.
Веднаш реагирала грчката крајбрежна стража, а во потрагата се вклучиле и три приватни брода. Но, драмата завршила неочекувано – жената била пронајдена жива и здрава, седната на плажа.
Сведоци во Фејсбук групата Grčka info напишале дека жената изјавила оти воопшто и не влегла во морето.
Останува нејасно дали станува збор за недоразбирање меѓу сопружниците или за нешто друго. Засега нема информации дали Македонката ќе се соочи со последици.





