6 C
Skopje
сабота, април 27, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Утврдено како се заразиле гостите на луксузниот крузер: Сите 700 заболени имале едно нешто заедничко (ВИДЕО)

    Неодамна објавената генетска анализа покажува дека само едно лице било изворот на инфекција на 700 лица на туристичкиот брод „Дијамантска принцеза“, едно од првите жаришта на Ковид-19 во светот.

    Овој брод стана идеален предмет за студии и е богат со лекции за светската научна заедница.

    Во студијата објавена во американското списание PNAS, тимот на јапонскиот институт за инфективни болести известува дека тие ја имаат геномската секвенца на вирусот земен од 148 патници и членови на екипажот на тој брод, кој јапонските власти ја карантинирале 14 дена на 3 февруари во пристаништето Јокохама бидејќи 80-годишен патник, кој претходно се симна од бродот во Хонг Конг, се тестирал и бил позитивен на вирусот на 1 февруари.

    Сагата за карантинот на повеќе од 3.600 патници и членови на екипажот беше проследена низ целиот свет, а Јапонија беше критикувана поради тоа што не дозволи бродот да биде евакуиран, додека држави како што се Соединетите држави ги мереа ризиците да ги вратат своите граѓани дома.

    На крајот, околу 700 од вкупно 3.711 лица кои се наоѓале на бродот биле заразени со коронавирус, од кои седум починале.

    Студијата за податоците добиени од тој затворен простор на инфекција, доведе до први проценки на смртност од коронавирус (1,2 процент), сооднос на асимптоматски лица (18 проценти). Најмалку триесет студии кои ја разгледале ситуацијата на тој брод се објавени од февруари, според сајтот kovid19.com.

    Нова генетска анализа на материјалот од бродот покажува дека сите вируси кои се најдени таму ја делат истата мутација, што укажува дека ширењето на САРС-КоВ-2 на бродот „Дијамантска принцеза“ потекнува од само еден влез, пред почетокот на карантинот, заклучуваат јапонските научници.

    Инфекцијата веројатно се шири за време на големите собири на патници во обичните области каде што играа, пееја, купуваа и присуствуваа на настапи.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.