ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Благодарение на вербата, по посетата на Бигорскиот манастир јас се излекував

Моите внатрешни хемороиди беа во трет стадиум и имав закажано опера-ција на скопските клиники. Со хемороидите водев борба со години, се обидов со многу конвенционални и алтернативни методи, но безуспешно.

Последната година, освен што ги имав вообичаените проблеми, станав и многу анемичен, постојано ми се вртеше, едноставно, комплетно ми се наруши квалитетот на живот. Еден викенд, со мојата сопруга одлучивме да го посетиме манастирот Св. Јован Бигорски. Спиевме во манастирскиот конак, а го посетивме и женскиот манастир манастирот во Рајчица.

За време на целиот престој, силно се молев на моштите од Светителот. Се молев за спасение на мојата душа, на моите најблиски и за здравје. Сакам да напоменам дека воедно и сум верник, т.е. практикувам да ги постам сите 4 големи пости и секоја среда и петок во годината. Имам свој духовен отец, редовен исповед и причест речиси секоја недела.

Но ова што се случи е ЧУ ДО. Кога се вративме во Скопје, веднаш следниот ден почувствував олеснување на мојот проблем. Не и обрнав поголемо внимание на новата состојба бидејќи и порано имало периоди кога ситуацијата со хемороидите била смирена, но краткотрајно.

После 2 недели, целосно повлекување на хемороидите, сфатив дека сум ИЗЛЕЧЕН. Ги нема веќе!

Мојот лекар, кој требаше да ме опе-рира, беше вчудоневиден. Иако со преглед констатираше дека повеќе немам хемороиди, сепак, мислам дека не им поверува на своите очи. Ја откажа опера-цијата, но како да сакаше да ми рече: “Ќе се видиме повторно јас и ти”.

Оттогаш поминаа 4 години. Рецидив нема, сега живеам нормален живот и секојдневно му се заблагодарувам на Бога и Св. Јован за нивната милост и благост кон мене. „Господи Исусе Христе, Помилуј”!

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.