6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Имал главоболки еден месец, а кога конечно отиде во болница, лекарите биле изненадени од она што го покажа рентгенот

    Лекарите откриле тенија во мозокот на градежен работник од источна Кина, откако тој јадел свинско месо. 49-годишниот работник, страдал од вртоглавица и главоболка еден месец и бил пренесен во болница откако претрпел напади во текот на ноќта.

    Откако го прегледале пациентот и направиле рентген, лекарите од универзитетската болница г откриле повеќе лезии на двете страни на мозокот, како и калцификации во крвните садови.

    Дијагнозата била невроцистицеркоза, како последица од инфекција на мозокот.

    Лекарите му рекле на работникот дека најверојатно се заразил со овој паразит јадејќи неварено овчо месо или свинско месо еден месец порано.

    -Само го пропржив набрзина месото. Дното на тенџерето беше црвено, не можев да видам дали месото е доволно зготвено, па јадев нетрпеливо – рекол пациентот.

    Тој подоцна целосно се опоравил по укажаната помош од медицински лица.

    Според Светската здравствена организација, невроцистицеркозата влијае главно на сиромашните земјоделски заедници во земјите во развој.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.