6 C
Skopje
среда, октомври 15, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Познато кој ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам, Холандија. За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен избор, што стана пракса изминативе неколку години.

Васил имаше огромна поддршка од познатите евровизиски интернет-страници и фанови, кои од лани неколкупати коментираа дека Васил треба да ја претставува Македонија на Евросонг.

Допрва треба да се одлучува со која песна ќе настапи. Тој лани пееше во придружните вокали на Тамара во Израел. Васил Гарванлиев јавноста го запозна пред 25 години кога на „Златно славејче“ ја пееше „Марионка“.

Потоа тој замина во САД, Италија и во Канада, каде што живееше со години. Се врати во земјата и повторно почна со настапите. На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.