6 C
Skopje
среда, октомври 15, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Марадона ќе му се извинел на Меси

Поранешниот аргентински селектор Диего Армандо Марадона ќе му се извини на Лионел Меси, потврдил застапникот на легендарниот фудбалер.

Марадона, кој сега работи како тренер во втората лига во Мексико, во екипата на Дорадос, неодамна во едно интервју рекол дека Меси не е лидер на репрезентацијата.

„Не можете да правите лидер од играч што 20 пати оди во тоалет пред почетокот на натпреварот. Не треба повеќе од него да правиме божество, и тој е човек. Во националниот тим тој е само уште еден играч“, рекол Марадона во тоа интервју.

„Диего има намера да го побара Меси и да му се извини“, рекол застапникот на Марадона и дополнил.

„Тој има посебен стил на говор и едноставно беше погрешно разбран“.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.