6 C
Skopje
среда, октомври 15, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Американската полиција бара ДНК-примерок од Кристијано Роналдо!

Полицијата од Лас Вегас издаде барање за добивање ДНК-примерок од ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, за да се спореди со фустанот на жената штио го обвинува за силување во 2009 година, тврди „Волстрит џурнал“.

Полицијата веќе ја пратила потерницата до италијанскиот судски систем бидејќи во моментот 33-годишниот Португалец таму се натпреварува и чека резултати. 34-годишната Катрин Мајорга тврди дека била сексуално нападната од Португалецот во неговата хотелска соба во Лас Вегас на 13 јуни 2009 година кога тој ја принудил на анален секс.

Мајорга, тогаш 25 години, работела во ноќниот клуб „Рејн“ во казиното „Палмс“ и се сретнала со фудбалерот (тогаш под договор со Реал Мадрид) во ВИП-одделот. По ова, тој ја однел во својата соба, каде што, иако таа се противела на сексот, тој ја принудил по што ја пуштил да си оди и ѝ се извинил со зборовите: „Обично сум џентлмен“.

По ова, легалниот тим на Роналдо се согласил да исплати 300.000 долари за да се спречи одење на суд, но во документот не ја признал вината. Полицијата минатата година повторно го отвори случајот, а клучен доказ на Мајорга е фустанот што го носела таа вечер (и необично, го чувала речиси 10 години).

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.