Стеф Кари, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Џејмс Харден индивидуално ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Голден стејт Вориорс победија во Далас 119:114, благодарение на серијата 7:0 во самиот финиш на натпреварот. Далас Маверикс не ги реализираа последните осум обиди од поле.
Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 48 поени, тој постигна 11 тројки од 19 обиди. На другата страна блескаше Лука Дончиќ со 26 поени (5-10 за три), 6 скока и 5 асистенции. Ова беше четврти натпревар во низа на кој Слоенецот постигнува најмалку 25 поени. Последен дебитант кој имал вакво оставарување бил Кари во 2010 година.
Во драматичен меч, со поените на Џамал Мареј од линијата за слободно фрлања Денвер Нагетс ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 116:113. Србинот Никола Јокиќ го обележа натпреварот со 40 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Хјустон Рокетс гостуваа кај Орландо. Магичните забележаа победа 116:109, а дуелот го обележа катастрофалниот шут на Џејмс Хареден за три поени.
Ѕвездата на Хјустон погоди само една тројка од 17 обиди, што претставува најлоша реализација во историјата на лигата. Инаку „Брадата“ мечот го заврши со 38 поени, 12 асистенции и 9 скока.
Харден го одигра 16.натпревар на кој постигнал 30 или повеќе поени и го израмни рекордот на Коби Брајант од сезоната 2002/2003.