Фенербахче втор пат во сезоната славеше на ЦСКА, Бамбергго победи Макаби, Жалгирис славеше против Барселона, Олимпијакос лесно се справи со Уникс во Казањ, а Армани Милано направи еден од најголемите пресврти во историјата на Евролигата и ја совлада Дарушафака, во првите натпревари од 21.коло.
Дербито на колото во Истанбул го одиграа Фенербахче и ЦСКА Москва, а заврши со победа на турскиот шампион 77:71. Фенербахче во двата евролигашки дуели успеа да го победи европскиот првак, кој во Истанбул ја немаше помошта на својот најдобар игра Милош Теодосиќ.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ го одигра својот најдобар мече сезонава во Евролигата, на теренот мина речиси 20 минути, а во статистиката запипа 9 поени, 5 скока и една украдена топка. Фенер го предводеа Екпе Удох со 15 поени и 11 скокови, односно Богдан Богдановиќ со 12 поени и 8 асистенции.
Нано Де Коло со 23 поени беше најефикасниот играч на рускиот шампион, кој го доживеа петтиот пораз на последните осум натпревари.
Луд меч со неверојатн пресврт одиграа Армани Милано и Дарушафака. Италијанскиот првак победи 89:87, иако во 28 минута Дарушафака имаше 25 оени предност (43:68).
Симон и Пасколо со по 15 поени го предводеа Армани, додека кај Дарушафака најефикасен беше Вонамејкер со 19 поени, но Американецот во последните секунди промаши две слободни фрлања.
На другите натпревари Бамберг го победи Макаби 90:75, а со идентичен резултат Олимпијакос, бес Спанулис, славеше кај Уникс во Казањ, додека Жалгирис ја запиша третата победа во низа, откако ја совлада Барселона 89:85.
Во петок ќе се одиграа преостанатите три натпревари: Црвена звезда-Ефес, Басконија-Реал Мадрид и Галатасарај-Панатинаикос.