Здружението на локалните власти на Англија објави листа на најнеобични барања што граѓаните ги доставиле до општинските власти.

Така, властите на северозападната англиска општина Виган добиле барање да објаснат „што имаат намера да преземат во случај на напад на крилести змејови“, а нивните колеги од Росендејл „детално да го образложат планот за справување со ѓаволи и јасновидци“.

Локалната самоуправа во Вортинг добила барање за изработка на план за „итна интервенција во случај на удар на метеор и соларна бура“, а градските власти од Бирмингем за воведување на пракса „за скенирање на јавните згради поради присуство на духови“.

Со објавувањето на листата, Здружението, во кое членуваат над 350 локалани самоуправи од Англија, ги замолува граѓаните во иднина да не ги оптоваруват општинските власти со поставување „глупави“ прашања.