6 C
Skopje
петок, март 7, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тој платил за играта а таа го притиснала копчето- добиле 100 илјади долари а не му дала ни денар

Двајцата поранешни пријатели, Марина Наваро и Џон Флато, сега се најголеми непријатели и тоа заради голема џекпот добивка за која двајцата сметаат дека ја освоиле во комплексот  „Хард Рок –  хотел и казино“ во Флорида.

Редовниот посетител на игрите на среќа, 66-годишниот Флато вели дека останал без 100 000 долари само затоа што и дозволил на Марина да го притисне копчето на слот машината „за среќа“. По нејзиниот удар паднала џекпот добивката, а иако Џон бил тој кој вложил во машината, технички добитник е Наваро.

– Таа технички ја одиграла играта, па исплатата оди кај неа, изјавиле од управата на казното.

Флато не можел да ги убеди дека тој платил за играта и вложил во машината, а Марина ја послужил само за да му донесе среќа. Двајцата повеќе не разговараат, а Марина не му исплатила ниту дел од добивката.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.