ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Македонија доби нов европски шампион, Емил Павлов – европски карате првак!

Емил Павлов се закити со титулата европски првак, во категоријата до 60 килограми, на континенталното првенство во карате што се одржува во Нови Сад.

Павлов, во финалето, со 3:1 го победи репрезентативецот на Италија, Анџело Крешенцо.

Претходно, до финалето, Павлов ги совлада Имрик од Словачка, Атар од Холандија, Дуловиќ од Црна Гора и Калнинс од Летонија.

Павлов во Нови Сад придодаде уште еден медал од европскте првенства во својата колекција. Тој во кариерата веќе има освоено едно злато и една бронза.

foto: ipon.mk

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.