Секое друштво си има своја онлајн група во која членовите си пишуваат за работите кои им се случуваат во текот на денот. Така е и со овие момци..

Меѓутоа, приказната од токму една ваква група го разбранува интернетот и го пропатува светот.

Се започнало сосема нормално, момците ги разменувале искуствата од журката на која биле минатата ноќ, за да се испостави дека еден од нив, Картер, заминал дома со најатрактивната девојка на журката.

– “Картер си отиде дома со таа”

– “Картер? Хахах, јако”

– “Картер буден си? Ај некој нека му се јави…”

Следеле овации за Картер од неговата машка екипа и убедување да направи фотографии од девојката

– “Тука сум” (пишува Картер во групата)

– “Стварно си отиде со таа?”

– “Колку беше жешкааа брат” (пишуваат другарите)

Картер праќа фотографија од заспаната девојка и додава “Што мислите? ;) ”

– “Ти уште си таму?!”

– “Брат, сликни цице, не не оставај вака…”

Се разбира, што би правела машка екипа заедно ако не за да си ги прераскажуваат сочните детали. “Сега ќе се спакувам и си бегам”, пишува Картер, а остатокот од екипата го молат да им испрати голи фотки од девојката која очигледно се уште спие.

Меѓутоа Картер имал да им покаже нешто многу подобро, односно …. полошо. Одлучил да им покаже во каков “свињарник” живее девојката која ја запознал претходната вечер.

– “Местово е погнасно од пеколот, не гледам никаде ни прозорци …” – пишува Картер.

– “Човеку, бегај од таа дупка” – го советуваат пријателите.

Тука интересот за искуството на Картер во групата почнува да се намалува и тие започнуваат да се договараат што ќе прават вечерта… Меѓутоа Картер се уште не може да го пронајде излезот од домот на девојката и започнува да крева паника!

– “Луѓе, не можам да го најдам излезот! Ова место е како лавиринт. Нема ни еден прозорец, ништо! Најдов само скалила кои водат надолу…” – пишува панично Картер.

– “Каде си? Ќе дојдам да те земам” – прашува еден од другарите

Работите станувале се помрачни и помрачни додека на крај Картер не ги извести и дека целиот подрум е буквално поплавен со вода!

– “Прати ми локација брат, ќе дојдам да те соберам…” – пишува повторно истиот пријател

– “Боже! Има нешто тука доле! Има нешто тука доле со мене!!!!! ” – пишува испаничено Картер.

– “Прати ми ја локацијата!”

Потоа се испоставило дека овој фраер бил толку пијан што не е ни свесен всушност колку е далеку од дома… впрочем – предалеку!

– “Вика дека сум во еб*на Романија!!!” – пишува Картер и испраќа локација.

– “Како по ѓаволите може да си во Романија?!”

– “Леле, ќе се помочам во гаќи, сигурен сум дека има нешто со мене тука доле!!” – Картер на раб на нервен слом.

– “А каде е Романија?” – прашува четврт пријател.

Доколку ве интересира остатокот од нивната дискусија, ќе го најдете овде.

Извор: Tocka.com.mk