Популарниот американски рапер 50 Сент, кој во 2014 година овозможи неговиот албум да може да се купува со биткоини, преку ноќ стана милионер. Раперот заборавил дека ги има на сметка, но денеска тие вредат повеќе од 7,5 милиони долари.

Раперот, глумец, претприемач и инвеститор Куртис Џексон, познат како 50 Сент, откри дека станал биткоин-милионер, а за тоа не бил свесен. Како што пренесува ТМЗ, неговиот албум „Анимал амбишн“ се продавал и за биткоини. Во тоа време биткоинот вредеше околу 600 долари, а вкупните приходи од продажбата на албумот тогаш изнесуваа околу 400 илјади долари.

Тој признава дека заборавил на биткоините, кои на времето не значеле многу, но сега вредат повеќе од 7,5 милиони долари. Медиумите пишуваат дека ова откритие ќе му дојде добро откако пред неколку години објави дека има финансиски проблеми.