Рано утрово во ноќен клуб во Прилеп, му се слошило на 25- годишниот Е.М, државјанин на Сојузна Република Германија кој престојувал во село Дебреште.
Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница во Прилеп, каде била констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од полициска станица воПрилеп.
По наредба на ЈО на телото на починатиот ќе се врши обдукција.