Потребно е:
за тестото:
150 гр шеќер
150 гр мелени ореви (лешници или бадеми)
300 гр путер, на собна температура
300 гр меко брашно
1 јајце
изрендана кора од лимон
малку цимет

за кремот:
200 + 100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
6 белки
1 голема лажица изрендано чоколадо

за глазурата:
100 гр чоколадо
3 лажици шеќер
3 лажици вода

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги путерот, шеќерот, мелените ореви и брашното и со рака замесете тесто. Додадете малку изрендана кора од лимон, малку цимет и едно цело јајце. Повторно измесете го тестото и обликувајте го како голема погача. Завиткајте го со пластична фолија и ставете го најмалку 30 минути во фрижидер да се стегне путерот.

– За тоа време подгответе го кремот. Во сад на рингла ставете 200 гр шеќер и 1 ванилин шеќер. Прелијте ги со вода колку да биде целиот шеќер покриен со вода. Варете ги на поголема температура додека доволно да се згусне. Тргнете го садот на страна и оставете да се излади.

– Изматете ги белките во густо шне. На половина од матењето додадете ги и преостанатите 100 гр шеќер и продолжете да матите. Во густото шне со постојано матење полека додадете го изладениот сируп од шеќер. На крај додадете го изренданото чоколадо и полека измешајте со дрвена лажица.

– Извадете го тестото од фрижидер и развлечете го со сукало на набрашнета работна површина со дебелина околу 5 мм. Со калап или помала чаша вадете округли облици од тестото. Редете ги на тава претходно обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 150 целзиусови степени од 10 до 15 степени. Печените бисквити оставете ги да се изладат.

– Земајте по два бисквита, помеѓу ставете од кремот и залепете ги. На крај премачкајте ги со глазура од чоколадо.