ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Обезбедувањето на Мијалков, Драган Делски, пукал од оружје регистрирано на неговата сопругата

Како што претходно ексклузивно објави 1ТВ немил настан се случи денеска во Кочани. Имено, Драган Делски, кој е дел од актуелното обезбедување на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. пукал во  лицето викано под надимак „Дач“.

1Тв дознава дека Делски пукал од оружје кое е во сопственост на неговата сопруга. Според нашите информации,  лицето во кое што е пукано се уште е во критична состојба, со рана на страничниот дел на стомакот.

Неофицијалните извори брифираат дека пукотниците биле во близина на ресторанот „Аква“ при меѓусебна престрелка од страна на двете групи.

Од полицијата информираат дека пукотниците се случиле во 17.15 часот и дека работат на расветлување на случајот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.