6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Надал: Не ми е страв од пензија

    Рафаел Надал признава дека полека се подготвува за тениска пензија, но засега рибарењето и голфот можат да почекаат бидејќи тој сериозно планира да оди по трофејот од Австралија опен.

    Надал досега умно ги избегнуваше прашањата за крајот на кариерата, но сега 17-кратниот гренд слем шампион признава дека крајот е блиску по речиси 20 години професионален тенис.

    „Животот нуди големи работи, не само во тенисот, така што тоа не ме плаши, помислата дека ќе треба да се сопре еден еден ден е реалност за мене. Кога ќе почувствувам дека немам шанси да се натпреварувам зза работите кои ме прават среќен, ќе правам нешто друго. Сега сум во Австралија за многу добар турнир и зошто да не, да одам по титулата“, вели Надал.

    Шпанецот во јуни ќе наполни 33 години, а во кариерата имаше низа проблеми со коленото, грбот, зглобот на раката и стомачните мускули, а во ноември беше на операција на скочниот зглоб.

    „Се подготвувам за мојата иднина, секако. Ја имам тениската академија, фондацијата, различни работи кои сакам да ги правам и сигурно нема да бидам еден од тие момци кои ќе завршат кариера и ќе останат дома да рибарат и да играат голф. Да, ќе имам шанси да го правам и тоа, но секогаш сум подготвен за нова работа и ново искуство“, додава Надал.

    Фото: ЕПА

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.