6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зголемен бројот на туристи на Кипар

    Бројот на туристи на Кипар е зголемен во август речиси 17 отсто на годишно ниво, што овој месец го прави најдобар од било кога за кипарскиот сектор на туризмот.kiparКипар го посетиле над 458 илјади туристи, покажаа објавените официјални податоци.

    Бројот на туристи од Британија пораснал 9,9 отсто, на 172,24 илјади, додека бројот на руски туристи, кои се втори најбројни туристи на Кипар, скокнал 36,8 отсто, на 122,84 илјади.

    Исто така, евидентиран е пораст на израелските туристи од 61 отсто, кои во август на Кипар биле 27,05 илјади.

    Во првата половина на тековната година кипарските приходи од туризмот се зголемени 13,7 отсто, на 831,2 милиони евра од 730,9 милиони евра од истиот период лани.

    Приходите од туризмот чинат околу 12 отсто од бруто домашниот производ на кипарската економија и се заслужни за релативно брзото закрепнување на официјална Никозија од економската криза, заради која ова земја беше принудена да побара меѓународна помош.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.