6 C
Skopje
недела, октомври 6, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Хороскоп за месец Јуни 2016

    Прочитајте го вашиот месечен хороскоп и дознајте што ве очекува во текот на овој месец…

    horoskop

    ОВЕН

    Работа

    Благодарение на добрата поставеност на вашиот владетел Марс во знакот на Вага, јуни ќе ви донесе некои нови деловни прилики. Ќе размислувате за нова работа и за нови деловни потфати. Воглавно би било добро кога овој период би го искористиле само за работа. Целиот месец ви е во знакот на амбициите, а успехот загарантиран до 21 јуни кога Сонцето ќе го напушти знакот на Близнаци. Би можеле тежината од емотивниот да ја префрлите на деловниот живот особено после 18 Јуни. Во првата половина од месецот ќе постигнувате исклучителни деловни резултати и лесно ќе ги заобиколувате сите препреки кои ќе се појават. Вистинските прилики ви се отовраат после втората седмица, па би треблао да ги искористите. Ќе биде нагласена и вашата креативност, проблемите ќе ги решавате брзо, а ќе постигнувате резултати во кратко време. Можете слободно да влезете и во ризик планетарните делувања се наклонети за тоа. Средината на месецот е иделана за започнување на нова работа или промена на работно место, вложување во нови инвестиции и сл. Не застанувајте искористете ги поволните планетарни движења. Финасиската состојба ќе виде добра преку целиот период. Конечно ќе имате контрола над неа иако ќе трошите повеќе од планираното. Нема причина за загриженост освен ако емотинвиот живот не ви донесе некои поголеми и непредвидени трошоци. Односите со околината ќе бидат мирни и вообичаени. Можни се и некои расправии кои се дел од вашата природа меѓутоа вистинската напнатост ќе ви ја прават пролемите во семејниот круг. До некаде будните односи и ви одговараат така животот не ви е досаден, па можеби и цела ситуација до некаде и ќе ви одговара. Одоносот со пријателите ќе ви биде добар особено во првата половина од месецот а во втората доаѓа период на дисхармонија посебно во односот со колегите. Доста ќе ви пречи љубезноста на некои блиски соработници за кои знаете дека зад сето ота се крие лицемерие.

    Љубов

    Овој месец ќе биде во знакот на љубовта за сите Овнови. Пречка ќе ви биде зафатеноста во деловниот живот, па не ќе можете целосно да се посветите. Во моментите кога ќе престанат деловните активности поради кои ќе ги потиснувате сите останати проблеми ќе се насочите кон размислувања за вашиот љубовен живот. Во таквите моменти ќе ви пукаат старите страсти, па тешко дека ќе можете да останете рамнодушни. Многумина од вас немајќи време да се посветат на овој дел од животот можеби ќе и се вратат на некоја стара љубов. На оние на кои работата им е порелаксирана ќе имаат многу прилики за нова врска. Ќе сретнете неколку личности кои ќе ги возбудувате веќе на прв поглед, а интересто се повеќе ќе се зголемува како подлабоко навлегувате во комуникацијата. Овните во брак и оние во трајните врски конечно ќе успеат да решат некои несогласувања со партнерот. Не го одложувајте разговорот со партнерот, сторете го тоа до средината на месецот, бидејќи подоцна нема да имате така поволни прилики. Последната декада од јуни е помалку незгодна за брачните врски, расправиите ќе бидат чести, но донекаде и позитивни, ќе ви помогнат да ги преуредите односите со партнерот и така повторно да се разгорат старите страсти доколку врската ви се истрошила. Бидете сигурнидека расправиите ќе ве спасат од конечниот прекин. При тоа цело време имајте на ум што сакате и што очекувате од партнерот а и од самата врска. Само со такви претпоставки ќе можете да ја решите ситуацијата и за двете страни.

    Здравје

    Сонцето се наоѓа во добра положба спрема вашето соѕвездие, па така чуството на исцрпеност и напнатост ќе бидат непознати за вас. И покрај исцрпната работа тешко ќе се заморувате. Единствено ќе треба да бидат повнимателни заболените од срце и се препорачува некој полесни спортски активности, но во оние само во кои можете да уживате. Последната декада од месецот ќе биде малку напната, меѓутоа енергијата сеуште ќе биде на високо ниво бидејќи Марс вашиот владетел преку целиот месец е поволно поставен за вас.

    Совет

    Посветете му се повеќе на деловниот живот, но при тоа обидете се да не го нарушите емотивниот. Немојте да бидете автодеструктивни и не се заљубувајте во личности кои си играат со вашите чувства.

    Идеален партнер

    Со Вагите ќе бидете доста среќни, но со повремени недоразбирања. Најповеќе ќе се сложувате со личностите родени во знакот на Лав. Во оваа врска конфликтните ситуации можат да имаат важна улога, бидејќи и двата партнера уживаат во тоа. Ако се појават финансиски проблеми, животот би можел да стане многу тежок за нив, бидејќи и едниот и другиот имаат изразена потреба за удобност во животот. Агресивноста која е присутна и кај Лавот и кај Овенот, може да се одрази во креветот особено после некоја жестока расправија. Овенот можеби ќе ужива да води љубов, а истовремено да го мрази Лавот.

    БИК

    Работа

    Почетокот на јуни ќе ви донесе опуштање од деловните обврски. Преку целата прва половина од месецот ќе бидете некако изолирани од деловните збиднувања, ќе немате работа и едноставно ќе се досадувате. Деловниот ритам ќе ви биде многу успорен, па така ќе имате многу време за читање на весници и размислување. За типичните Бикови тоа не претставува некој проблем, меѓутоа за оние поработливите ќе мора ќе претставува проблем. Обидете се да си најдете некоја занимација, хонорарна работа или нешто сл. Кон средината на месецот веќе ќе почне да ви се отвора полето за работа, можни се некои поголеми деловни акции кои ќе ви овозможат бегство од емотивните проблеми. Не го правете тоа само заради да ги отргнете мислите, бидејќи на полето од љубовта после 18 Јуни работите се менуваат кон позитивно. Кон крајот на месецот ќе го вратите стариот деловен ритам со многу нови идеи. Со нетрпеливост ќе ги чекате деловните резултати иако ќе бидете на самиот почеток од проектот. Можете да очекувате и препреки кои со добра соработка помеѓу колегите брзо ќе ги надминете. Добро ќе фукнционирате во сенка како соработник, не се изложувајте премногу пред очите на јавноста, односно не настапувајте како прв човек во фирмата. Финасиската состојба ќе ви биде просечна со можности за поголеми трошоци посебно ќе бидат слони кон трошењето женските претставнички кои ќе се обидуваат да си ја исполнат секоја желба. Машките претставници можеиби ќе трошат повеќе на своето хоби, па со тоа ќе доаѓаат до расправии со партнерот. Бидете повеќе рационални доаѓаат поповолни планетарни делувања кога ќе можете повеќе да се опуштите во трошењето. Односите со околината ќе бидат бурни и интензивни ќе имате динамични врски, нови познанства, комуникација со голем број на луѓе но при тоа цело време ќе ве пратат и расправии. Често ќе ви се приговара на вашата тврдоглавост која во овој период ќе биде нагласена.

    Љубов

    Оставеноста на Венера во вашиот знак ветува среќна љубoвна ситуација. Можете да остварите некои љубовни желби, меѓутоа исто така преиспитајте што поточно сакате бидејќи можете да се доведете во контрадикција со самите себе и да се вплеткате во многу замрсени љубовни односи. Секој ден ќе го менувате вашето мислење, на моменти ќе сакате авантури, повеќе љубовни врски одеднаш и слично, а на моменти ќе барате нежност и топлина во трајните врски. Успех ќе имате и во двете, а можете да ги реализирате и двете истовремено меѓутоа долгот ќе треба да си го платите во јули. Затоа добро внимавајте што правите. Се наоѓате во среќен период кога се ви оди од рака, но секоја непромислена одлука подоцна може многу да ве чини. Држете се до моралните норми тоа не значи дека мора формално се да запазите, меѓутоа да биде во границите на толернцијата. Слободните ќе бидат заинтересирани за неколку личности одеднаш. Вашиот шарм ќе има успех, но тешко ќе се одлучите со кој, кога и коку долго. Некои врски ќе нудат страсти, други чувства, трети сигурност. Ќе се обидувате да најдете нешто помеѓу, меѓутоа тешко дека ќе успеете во тоа. Биковите кои се во брак или сериозна љубовна врска ќе живеат во мир и хармонија, обновување на страстите можете да очекувате после 15 јуни. Би билло добро кога некаде со партнерот би отпатувале во последната декада од месецот. Дури во друштво на вашите пријатели би било добро. Кон крајот на месецот можни се некои љубовни проблеми или семејни нетрпенија кај оние во брак, меѓутоа сето тоа ќе го поднесувате лесно и лесно ќе успевате да го решите. Се на се, се наоѓате во рамантичен период во кој ќе има многу повеќе добри одколку лоши настани. Препуштете се на страстите и едноставно уживајте.

    Здравје

    Напнатиот однос со Марс планетата на енергијата во знакот на Лав би можел да ви донесе некои здраствени проблеми. Се до 21 Јуни се наоѓате во состојба без никаква заштита од планетите па ви препорауваме внимателност и повеќе грижа за себе. Посебно чуствителни ќе ви бидат бубрезите, грлото и срцето. Можни се и некои алергии, особено на сонце. Се што ќЕ работите не претерувајте издржете го периодот до 21 кога и сонцето и Венера ќе бидат поволно поставени за вас.

    Совет

    Со сите проблеми соочувајте се мирно и со разбирање. Не си дозволувајте тврдоглавоста да доминира и избегнувајте ги љубовните драми.

    Идеален партнер

    Наповеќе ќе се сложувате со Раковите меѓутоа ќе ве привлекуваат Девиците. Погледите и ставовите кон животот и парите се речиси идентични и за Биковите и за Девиците. И едниот и другиот уживаат да ја планираат својата иднина до последна ситница и присутен е взаемен страв од долгови. Нивниот сексуален живот ќе биде многу активен но највероватно конзервативен и едноставен, иако Девицата е доволно интелегентна за да го прифати секој предлог на Бикот. Љубпмората која што ја поседува Бикот од време на време може да предизвика напнатост во врската. Оваа е идеална астролошка врска.

    БЛИЗНАЦИ

    Работа

    Јуни е вашиот месец и поставеноста н планетите укажува на идеален период за деловниот живот. Резултатите ќе бидат одлични, а вие ќе работите брзо и ефикасно. Уште на самиот почеток од месецот ќе ги решите сите деловни проблеми од минатото. Доколку се работи за некои недоврштени работи или некои кои површно сте ги обработиле, зафатете се со новно завршување. Бидете успешни во се што ќе работите. Ова сватете го сриозно, тргнете од почеток ако е потребно малку и помачете се , меѓутоа завршете се што ќе започнале. Средината на месецот ви носи нови деловни проекти на кои ќе мора потполно да му се посветите. Недовршените работи ќе ви оневозможат да ја искористите големата прилика кој ви се овозможува. Оние кои бараат работа како и сите оние кои се незадоволни од работното место можат да очекуваат поволни промени исто така некаде околу средината на месецот. Ќе слушнете многу нови вести, ќе ви се овозможат многу нови прилики и промени н аработно место. Што и да е не пропуштајте ништо од тоа. Единствено за што ќе траба два пати да размислете се партнерските односи. Во текот на целиот месец ќе ви се нудат вложувања во партнерство, но пред да го прифатите размислете добро. Посебно избегнувајте вложување во последната декада од месецот. Во овој перод нагласени се проблемите. Исто така во овој месец ви одговара тимска работа и работата во групи многу повеќе одколку самостојната. Благодарение на поволната поставеност на Марс во знакот на Лав ќе ви донесе среќа во ризичните дејности. Можете слободно да се опуѓштите во сите рискантни деловни акции, нема причина за страв. Бидете самостојни, не мора да се криета позади некој и на тој начин да ја делите одговорноста. Финасиската состојба преку целиот период ќе биде добра, не онаква каква што вие очекувате. Не трошете премногу, собирајте малку пари и за годишниот одмор.

    Љубов

    Венера во втората половина од месецот ќе биде во вашиот знак и ветува среќен љубовен период во кој можете да остварите многу љубовни желби. Меѓутоа ќе мора да знаете што скате како не би дошле во контрадикција со самите себе си. Избегнувајте заплети и замрсени љубовни односи, повеќе би ви одговарале кратки авантури без некои посебни обврски. На моменти ќе почуствувате потреба за топлина и нежност која ја пружаат трајните врски, меѓутоа доколку не сте во таква не влегувајте во овој период, многу подобро ќе си поминете како што погоре напоменавме во авантури и необврзани врски. Опасноста е во тоа што во овој среќен период можете нечии туѓи проблеми да си ги навлечете сами на себе. Однесувајте се нормално типичните близнаци знаат некогаш да претераат, а со таквото непромислено однесување можете трајно да си направит епроблеми во љубовната врска. Држете се до моралните норми повеќе од обично, но исто така не претерувајте во формализмот. Слободните Близнаци ќе водат интензивен друштвен живот, вашиот шарм ќе има многу успех, но при тоа тешко ќе се одлучувате за кој, кога и колку долго. Доколку им се препуштите на страстите ќе пливате од една врска во друга и ќе бегате од чуствата. Ако во тоа се чуствувате добро, не менувајте ништо. Ваквиот стил не е добар за постарите Близнаци и за оние кои бараат трајна врска односно брак. Близнаците кои се во брак или трајна љубовна врска ќе живеат во ми и љубов. Ќе ги обноват старите страсти, нежноста и разбирањето. Би било добро ако можете со партнерот да отпатувате некаде, сами или во друштво со пријатели. Дури и децата не би ви пречеле, меѓутоа неколку дена сами би било подобро. На момент заборавете на грижите и препуштете му се на овие среќни планетарни делувања. Посебно поволен период за љубов и патувања ви е првата половина од месецот. Кон крајот на месецот ве очекуваат и првите проблеми во љубовта односно во семејниот живот. Ќе ги поднесувате многу подобро доколку до тогаш добро се одморите. Исто така во овој период не се впштајте во авантури само затоа тој или таа да ги направите љубоморни, а себе си да докажете дека можете без него или без неа.

    Здравје

    Поволните планетарни делувања се особено изразени во првата декада од месецот. Во овој период нема да имате никакви здраствени проблеми меѓутоа интензивниот живот поврзан со честите ноќни забави и се што оди со нив би можел да ви покажи како сега не можете како некогаш. Односно дека и вашата издржливост има граници. Последиците од ваквиот начин на живеење ќе ги почувствувате во втората половина од месецот кога се можни пречки со варањето на храната односно желудникот. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Рак после 21 Јуни ќе мора повеќе да се грижите за вашето здравје бидејќи енергијата ќе ви биди во постојано опаѓање.

    Совет

    Поставеноста на планетите е одлична за Близнаците, па затоа искористете ја не се плашете од промени, без многу размислување искористете ги сите можности.

    Идеален партнер

    Овој месец ќе ви одговараат страствени љубовни авантури кои најповеќе би ги оствариле со личностите родени во знакот на Лав. Меѓу Близнаците и Лавот постојат големи разлики во еросот и психата. Тоа е љубов на волјата и интелектот. Ослободени се од сите предрасуди, чувствата не се длабоки, на љубомората и нема место. Тие се сраќни затоа што се гледаат реалистички. Се надополнуваат во јавната работа, на излетите, во друштво. Еротската страна нема да бида во ред (посебно за Лавот) бидејќи Близнаците се одликуваат со скромни побарувања, Лавовите не сакаат коментари. Во јавноста понекогаш оваа врска наликува на брак на снобови.

    РАК

    Работа

    Лошата поставеност на Сонцето спрема вашиот знак навестува нови деловни неприлики. Раковите кои се незадоволни со досегашната деловна ситуација би било добро накратко да прекинат со нејзиното подобрување, бидјеќи неуспехот само ќе се зголемува. Земете одмор, на момент одморете се и причекјате до поселдната декада од месецот кога Сонцето влегува во вашиот знак. Тоа е периодот кога очекуваните пари конечно ќе ги добиете и би можеле да започнете со решавање на заостанатите работи или започнување на нови. Јуни е добар за хонорарна работа, па доколку имате таква можност би било добро накратко да прекинете со постојаната работа и да се зафатите со некоја подоходовна работа. Ако е поврзана со патување би било најсреќно решение. Значи работа во туризам би ви донела и пари и задоволство, истото важи и за угостителската дејност. Најтешко ќе им биде на Раковите кои работат во затворени простории, институции или болници. Немојте премногу да се оптеретувате, тоа може многу да му штети на вашето здравје. Втората половина од месецот е нешто посреќна од првата, побарајте нова работа или преместување и унапредување. Финансиските проблеми можете да ги решите единствено преку хонорарни извори или помош од роднини. Јуни е поволен за работи поврзани со недвижнини без разлика дали се работи за купување или продавање. Би можеле да слушнете некои добри вести поврзани со наследство меѓутоа исто така очекувајте и расправии околу нив. Добивката ќе биде многу поголема одколу што очекувавте па можете да се надевате на некои среќни промени. Со пријателите добро ќе се сложувате, па тие ќе ви бидат од голема помош при решавањето на проблемите.

    Љубов

    Очекувајте пасивен период без многу љубовни возбудувања, а и оние што ќе ги има ќе ви ја расипуваат емотивната рамнотежа. Доколку сакате да ја сочувате смиреноста ќе мора жестоко да се борите со своит емоции. Не си дозволувајте да ве преокупираат чуствата и да завладеат со вашиот живот. Во тој случај навистина ќе бидете несреќни. Последната декада од месецот ви носи многу среќни моменти. Оние кои се во врска постојано ќе бараат грешки во партнеровите постапки. Ваквата состојба може да ве одведе во туѓи прегратки кои можат многу да ви наштетат. Сериозно запрашајте се зошто тоа го правите и прекинете со храбрите и луди постапки. Обидете се да ве води разумот немојте да се заљубувате во личности кои не се достојни на вас. Некој ќе го храни своето его со вашите чвуства, а за возврат ќе ги лечи своите комплекси измислувајши ви недостатоци. Не верувајте во тоа бидејќи дури тогаш ќе имате причина за патење. Слушнете ги добрите совети од пријателите и повлечете се. Не се оптеретувајте со љубовните проблеми, па ако треба и со семејните. Одморете се и посветете му се на работата. Слободните би било добро да се воздржат од нови љубовни врски. Немојте да бидете лекомислени обидете се малку повеќе да ја запознаете личноста која ви се допаѓа, а дури после впуштете се во љубовните игри. Интуизијата ви е помалку заматена, а чувставате ви се силни и хаотични. Ласно можете силно да се заљубите, толку многу за да не можете да побегнете од љубовта која и сами знаете дека ве уништува. Кон крајот на јуни и самите ќе се чудите за вашите постапки и за вашите чудни реакции. Ваквата состојба на бурни и неконтролирани емоции ќе ви ја предизвикува Марс кој е негативно поставен спрема вашето соѕвездие. Раковите во брак нека се воздржат од расудувањето на квалитетот на својата вркса. Минувате низ криза која подоцна ќе реши многу проблеми за кои немавте начин да ги решите.

    Здравје

    Јуни е во знакот на нанати односи со планетата на енергијата Марс. Тоа би можело да донесе сериозни здраствени проблеми посебно за родените во втората декада. Причините ќе бидат од психичка природа односно вашата пречувствителност ќе биде акомулатор за негативна енергија. Со други зборови вашиот обрамбен механизам е значително намален. Чувствителни ќе ви бидат бешиката и бубрезите а можна е и појава на некакви кожни алергии. Во втората половина од Јуни ќе бидете во нешто подобра здраствена положба.

    Совет

    Обидете се да ја чувате самодовербата и да бидете посамостојни. Не превземајте на себе грижи и терет кој не можите да го носите. Сочувството е ваша добра страна, но во тоа не претерувајте бидејќи со тоа на никој нема да му помогнете.

    Идеален партнер

    Во овој период единствени кои можат да ги акумулираат вашите емотивни емоции и при тоа да неви се налутат се Биковите. Идеалите на овие двајца се куќа опкружена со цвеќиња, сигурен имот покрај вода и богата маса. Во домаќинството соработуваат одлично, на маса се веселат покрај јадењето, но во креветот се е млитаво и неспретно, повеќе надујаност отколку коитус. Иако Бикот е конзервативен има големи сексуални потреби и Ракот користејки ја својата бујна фантазија може да се обиде да спречи појава на досада во нивниот однос. Бракот на оваа комбинација е цврст, затоа што во сферата на корисното и материјалното остануваат заедно со куќата, децата и обичаите, и се додека ги врзува нема страв од раскин.

    ЛАВ

    Работа

    Деловната ситуација во овој месец ќе биде многу подобра отколку шо можете да очекувате. Марс е поволно поставен во знакот на Вага, па очекувајте неколку важни прилики. Предизвиците ќе ги имате во изобилство и ќе бидете подготвени да одговорите на сите. Единствено што може да се јави како пречка тоа се летните авантури, патувања и сл. Во еден момент ќе дојдете во ситуација да избирате помеѓу работата и задоволствата. Највероватно ќе се одлучите за задоволство, па што друго тоа е во вашата природа. Важно е подоцна да не се жалите дека не ви била овозможена шанса. Првата половина од месецот ќе биде посебно поволна за деловнииот живот, а во втората половина поради некои љубовни проблеми не ќе можете целосно да му се посветите на работата. До 21 Јуни ќе бидете целосно навлезени во деловните води, а во последната декада од месецот ќе се зафатите за подобрување на вашата финасиска состојба. Планетарните делувања се доволно добри да одговорите на било кој предизвик, не пропуштајте ништо, втора шанса нема. Ќе бидете добри во трговијата, комуникациите со луѓето, патувањата исто така ќе ви одговара и менаџерската работа која би моела да биде нов предизивик за вас. Добро се аспектирани медиумите и медиумските настапи. Состојбата со парите се подобрува, а вие се повеќе трошите. Долго време чекавте да се одлободите од долговите, а сега е време малку да потрошите на себе и да ги видите резултатите од макотрпната или прекувремената работа. Имајте на ум дека доаѓаат летните одмори и дека ќе ви требаат одредени средства за нив, па можете да намалите со многуте луксузи кои во поселдно време си ги дозволувате.

    Љубов

    Јуни во голема мера ќе биде во знакот на љубовта меѓутоа амбициозните Лавови ќе немаат доволно време за неа. Бидејќи на деловен план ќе бидете презафатени, може да се случи да изгубите еден прекрасен период, во кој може да се случат многу убави нешта. Хармонично поставената Венера и добриот аспект со Марс ќе ви овозможат несекојдневни љубовни авантури и патувања. Вемето ќе го минувате одлично се до тогаш додека не ја покажите вашата слаба страна. Партнерот не сака слаби личности, сака постојано да ја задржите лавовската улога. Слободните ќе имаат прилика да освојат нечие срце. Можеби и во истото ќе се заљубат, а потоа брзо и да раскинат. Највероватно ќе мора да биде така. Исто така за многу Лавови новите врски ќе завршуваат пред да почнат, меѓутоа сепак ќе бидете среќни бидејќи конечно нешто се случува. Бидете поитри и не ги правете истите грешко по неколку пати. Покажете малку ранливост и слабост, тоа е она што им недостасува на типичните Лавови. Лавовите кои се во брак или во подолга љубован врска ќе решаваат стари проблеми, а ќе прават нови. Ќе бидете концентрирани на односот со партнерот и конечно ќе се зафатите да средите нешто што подолго ве измачува. Бидете посамоуверени и настапувајте посигурно. Вие сигурно сте сосема самостојни, но не заборавајте дека сте и толку емотивни. Поради нагласената гордост често работите против своите емоции, а со тоа и спротив самите себе. Ако сакате да ги решите љубовните проблеми ќе мора да бидете попопустливи и помалку тврдоглави. Последната декада од месецот ве очекуваат некои сплетки и интриги од кои тешко ќе можете да се извлечете. Ќе мора малку да глумите наивност доколку сакате да ги исправите работите и да не го загубите партнерот. Опуштете се и помалку мислете на впечатокот кој го оставате. Во овој период нагласени се и флертовите меѓутоа исто така вашиот партнетр лесно би можел да дознае за тоа. Внимавајте да не ја прекинете врската поради некои ситни глупости и не бидете толку сигурни во себе дека тоа толку лесно ќе го пребродите.

    Здравје

    Вашето расположение во овој месец речиси постојано ќе биде задоволително со помали и кратки неподносливи нервози и тоа после 18 Јуни. До тогаш со здравјето ќе биде се во најдобар ред освен честите мамурлоци поради нередовниот и бурен ноќен живот. Повекето од вас ќе бидат преоптеретени со деловните активности па главоболките и заморот ќе им бидат честа појава. Повремено ќе чувствувате и минлива аритмија на срцето. Направете контроло дококу се сомневате во дека нешто не е во ред со вашето срце.

    Совет

    Обидете се помирно и попромислено да ги решавате деловните проблемите. Нервозното и нетрпеливо однесување може да ви одведе многу успеси како деловни така и љубовни.

    Идеален партнер

    Во овој месец ќе барате личност која емотивно може многу да подарува. Тоа се Рибите. Во оваа комбинација Лавот мора да свати дека еротски никогаш нема да биде задоволен. Мора да ја заштитува нежната Риба која се впива, опростува и трпи. Рибите се најчесто папучари, попустливи, жртви и се поднесуваат, а Лавот бара јака личност која е способна машки да ги поднесува проблемите и не сака да изиграва нејзин заштитник. Единствено што ќе го задржи Лавот во оваа врска е тоа што неможе да најде подобар партнер кој ќе му пружи поголема чувствителност и поддршка од Рибата. Ако машкото е Лав тоа е идеално.

    ДЕВИЦА

    Работа

    Овој месец би можеле да го поминете добро на деловен план доколку исполнете два услови: прво, помалку да размислувате за емотивниот живот, а второ, ќе морате да попуштате пред колегите и претпоставените на работното место. Вашиот владетел Меркур е негативно поставен за вашиот знак и преку целиот месец ќе остане во таква положба. Можете да очекувате некои потешкотии и непредвидени препреки, меѓутоа позитивно е тоа што сите тие кратко ќе траат. Избегнвуајте поголеми ризици во работата бидејќи сите можат да завршат трагично. Најтешко ќе поминат Девиците на кои работата им е поврзана со комуникација. Ќе ви одговара повеќе самостојана работа во некоја канцеларија во која никој нема да ви пречи и досадува. Занемарете ја потребата за дружење на работното место, работа во тимови и сл. Најдобро ќе поминете доколку избегнувате поголеми собири и дружења. Кариерата во овој месец нема многу да ве интересира повеќе ќе бидете заинтересирани за парите. Накратко ќе заборавите на старите идеали и ќе ја прифатите општата игра за стекнување на богатство. Некако без пари ќе се чуствувате изгубени и несигурни. Некои дури и ќе претераат во таквите размислувања па можеби и да направат некои непромислени работи. Позитивно е тоа што ќе заработувате повеќе отколку до сега и ќе наравите добра основа за исто така добри добивки за во иднина, меѓутоа внимавајте да не се изгубите во тоа. После 21 Јуни кога Сонцето ќе влезе во знакот на Рак ситуацијата делумно ќе се порави но сеуште нема да биде така добра. Одеднаш ќе почувстувате повеќе енергија, ќе пронајдете нови мотиви за делување и нема толку да се оптеретувате со анализа на својата животна ситуација. На деловен план ќе ви се отворат некои нови можности, но суште не треба да ризикувате.

    Љубов

    Првата половина од Јуни нема да ви донесе некои посебни прилики и настани. Кај некои проблемите ќе одат до таа граница што навистина ќе ве исцрпуваат. Некогаш знаете самите себе да се измачите со детална анализа меѓутоа кога ќе започните тоа да го правите кон партнерот вашиот однос со него ги менува тековите и често раскинувате. Тоа ќе ви се случи токму и сега. Премногу ќе размислувате, а ќе бидете закочени во делувањето. Се некако споро ќе ви се одвива и за секоја активност ќе ви треба голема енергија. Често ќе ви се јавува желба да побегнете некаде во самотија и да заборавите на се. Обидете се да живеете поопуштено, тоа во моментот е најважно. Кога ќе ве нападнат депресивни мисли посветете му се на работата или на спортот. Разговорите со пријателите можат многу да ви помогнат, но само ако целосно се отворите и опуштите. Треба повеќе да се отворате спрема луѓето и кон оние за кои знаете дека можете да имате доверба. Во третата декада ситуацијата по малку ќе почне да се менува кон подобро, тешките мисли повеќе нема да ги имате и ќе почнете повешно да комуницирате. За почеток тоа е добро, бидејќи за многу ќе ви се олесни работата. Сеуште не превземајте покрупни чекори, ниту пак започнувајте со решавање на некои љубовни проблеми. Овој период ќе биде малку полесен меѓутоа сеуште љубовната криза ќе трае. Најповеќе на удар ќе бидат Девиците во брак и оние кои се во подолга врска – често ќе размислувате за прекин, па кон крајот на месецот ќе стигнете блиску до решението. Слободните ќе бидат помалку оптеретени со љубовните проблеми и многу полесно ќе ја поднесуваат напнатоста од планетите. Ќе размислувате многу за љубовниот живот без некоја посебна желба да направите. Првата половина од месецот може да ви донесе некоја љубовна врска, со која нешто нема да биде во ред. Можеби личноста нема да биде слободна или се работи за личност со лош морал. Бидете подготвени на се и избегнувајте тајни авантури. Во последната недела можна е нова љубовна авантура која може да се претвори во нешто потрајно и подлабоко меѓутоа дали ќе бидете подготвени на тоа најповеќе ќе зависи од вас.

    Здравје

    Во овој месец најважно е да се опуштите и да не мислите на проблемите. Променете ја фризурата обновете ја гардеробата тоа добро ќе делува на вашата самодоверба.

    Совет

    Во почетокот на месецот најповеќе ќе ви одговараат Биковите, а преку целиот период ќе ве привлекуваат Јарците. Силна телесна привлечност, а сличните погледи према парите уште повеќе ќе ја продлабочат оваа врска. Во љубовта добро се сложуваат, бидејќи сексот не им е најважен во животот, а може да биде згоден начин за искажување на љубовта и блискоста, со што ќе ја зајакнат врската. Депресиите на Јарецот би можеле да го подобрат нивниот сексуален живот, бидејќи во тој случај Девицата станува почувствителна и поприлагодлива на своите желби. Јарецот еден од знаците кои им одговараат на Девицата.

    ВАГА

    Работа

    Јуни во работата ќе ви донеси прилично добри резултати. Ќе мора многу да работите, па не е лошо да се држите на тоа, да не отстапувате од редовниот работен ритам и да не одбивате дополнителна работа од претпоставените, иако ќе ви изгледа доста неинтересна и несвојствена за вас. Одењето на одмор или боледување би можело да ви направи тешкотии на работното место не само што ќе заминете кога енајважно за вашата фирма, туку не е добро и за вашата кариера. Можете да пропуштите важни настани или проекти кои подоцна нема да се случат. Секако дека сте располежени за одмор и забава, меѓутоа оставете го тоа за кон крајот на месецот или уште подобро за наредниот. Во втората половина од jуни може да ве изненади некоја деловна напнатост. Во почетокот ќе ви изгледа малку тешко и безизлезно меѓутоа кога ќе почнете да ги средувате работите чекор по чекор, одеднаш пред вас ќе се отвори прооден пат. Како и да е и во овој период не семете да се препуштите на пасивноста и на забавата. Искористете ги позитивните планетарни делувања, бидете поамбициозни и пронајдете начин да ја зголемите желбата за деловен успех. Исто така ќе бидете преку целиот период расположени за комуникација со луѓето, често ќе излегувате, ќе запознавате бројни нови пријатели и брзо ќе се зближувате со луѓето. Не заборавајте на старите пријателства ,многу е важно во овој период да ги негувате.

    Љубов

    На љубовен палн ве очекува пријатен месец. Во текот на првата половина ве очекуваат добри настани, меѓутоа ќе ви недостасува храброст и слобода за целосно да уживате во нив. Повеќето од вас ќе уживаат во големите друштва, а некои во волшебниот круг на љубовната врска. Во втората половина од месецот помалку ќе се затворите во себе, некако ќе бидете презаситени од луѓе, а можеби и настаните во деловниот свет ќе ве исклучат од задоволствата. Младите и недоволно искусни ќе посакаат промена на љубовен план. Влегуваат во нова фаза, различна од онаа која ја поминаа во последните неколку месеци. Можеби е добро уште малку да останете млади и на тој начин да ја водите љубовата. Повозрасните ќе стравуваат од заладување на односот со партнерот. Чувствувате дека во последно време престанал да ве сака. Тоа не е вистина само потребни му се некои промени кои вие не сакате да ги прифатите. Постојано ќе барате нешто ново, подинамично и повозбудливо. Највероватно ќе се впуштите во некоја љубовна авантура од таков тип која брзо ќе заврши, меѓутоа ќе ви донесе драгоцено искуство. Вагите кои се во посериозни врски доста ќе флертуваат во овој месец, а можеби и ќе скршнат малку настрана од врската. Набрзо ќе сватите дека сте направиле грешка и веднаш ќе мну се вратите на партнерот. Нека остане во тајност бидејќи ве очекуваат доста проблеми, многу поголеми отколку што и самите претпоставувате. Вагите во брак ќе бидат зафатени со деловниот живот, ќе се трудите да стекните материјална сигурност и самодоверба која мислите дека е клуч за решавање на љубовните проблеми. Последната декада од месецот не е многу поволна за слободните Ваги. Се што ќе правите правете го во првата, бидејќи покасно ќе жалите за пропуштените прилики. За некои јуни би можел да биде месец во кој ќе стапат во брак доколку се случи тоа бракот крунисан во овој период ќе биде среќен и траен. Вагите кои се во долга вркса и одамна веќе имаат сватено дека таа не е вистинската за нив во овој период ќе соберат храброст за да ја прекинат. Проанализирајте ги сите мани на партнерот, но исто така ставете ги и вашите и кој од нив тој ги трпи. Не се обидувајте да се менувате и да се прилагодувате туку реално согледајте ја ситуацијата и видете дали уште еднаш тој или таа е вистинската личност за вас.

    Здравје

    Јуни ќе биде добар за вашето здравје посебно во првата половина од месецот, додека после 21 јуни, ќе почни помалку да се нарушува, посебно кај родените од втората декада. Можни се проблеми со крвниот притисок кој ќе биде нестабилен поради негативната енергија акумулирана во текот на првата половина од Јуни. Исто така во овој месец ве очекуваат неколку непријатни ситуации кои дополнително ќе ве напнуваат. Не губете време, превземете нешто и намалете ја нервната напнатост. Доколлку не можете тоа да го сторите со прошетки и спорт направете го со некои средства за смирување, но нека бидат на природна база.

    Совет

    Искористете ги поволните планетарни делувања и доколку немате некои позначајни активности на работното место, препуштете му се на љубовта. Не заборавајте на работата имате доволно енергија и време да стигнете подеднакво на двете страни.

    Идеален партнер

    За овој период исклучително добро ќе си одговарате со Близнаците. Две уметнички природи, сензибилни и интелегенти. Заеднижки им е стремежот кон новини и возбудувања, а тоа може да биде главната прижина за нивното зближување. Нивниот љубовен живот ќе биде повеќе отколку добар, затоа што и еднот и другиот знаат да го возбудата партнерот, а само заеднижкиот живот ќе им ја пружи целата потребна стимулација. Малку е веројатно дека некој трет може да ја загрози нивната врска, затоа што ни еден нема да му придава посебно внимание на неверството. Иако двајцата се нестабилни сепак врсдкта може да биде извонредна.

    СКОРПИЈА

    Работа

    Во првата половина од Јуни ќе се одликувате со многу ниско ниво на енергија, мрзеливост и безволност, па многу од работата ќе ви остане недовршена или пак завршена колку да се рече дека е. Ваквата состојба може навистина да ви направи проблеми, бидејќи и самите знаете дека во последно време не се сложувате многу добро со претпоставените. Но, за среќа, кога ќе ги поминете сите граници и кога претпоставениот или колегите ќе соберат храброст за да ви кажат колку не сте добри, вие одеднаш ќе бликнете со енергија и со јуриш за подобра кариера. Оние пак кои се отеретени со деловниот статус или пак не му е целсосно решен би можеле да заработат отказ. Доста негативно се аспектирани работите кои барааат концентрација и ентузијазам. Исто така ќе ви недостасува комуникативност, а не ќе знаете како да ги пренесите деловните идеи. Подгответе се на минлива напнатост и честа исцрпеност која ќе внесува немир на работното место. Најважно од се, е да ги избегнувате несогласувањата со претпоставените и да ја потиснете желбата за власт. Многу нови идеи или почетоци на проекти ќе ги чувате во тајност чекајќи подобри времиња кога би можел да ги искористите за ваша лична афирмација. Потрудете се да бидат многу тајни бидејќи со појавата на мал сомнеж од страна на колегите може се да пропадне во вода. Значи, првата половина од јуни ќе биде нешто понепријатна од втората и ќе бара од вас многу труд и ангажирање за дапостигнете задоволителни резултати. Во втората половина ќе почувствувате позитивни промени кои малку од малку ќе ви ја вратат посршката од вашите заштоитници и пријатели а и односите со авторитетите помалку ќе ги средите.

    Љубов

    Јуни за Скорпиите нема да биде многу емотивно возбудлив. Позитивниот развој на љубовните настани ќе мора да ги чекате за некој нареден месец. Ќе предизвикувате доста недоразбирања, а внимание на партнерот речиси воопшто нема да му обрнувате. Емотивната напнатост највероватно ќе доаѓа од внатрешното незадоволство и нервоза. Ќе ви биде потребно многу трпение и толеранција доколку не сакате хармонијата во бракот да ја нарушите или врската да ја прекинете. Слободните ќе бидат склони кон чести љубоивни авантури во кои ќе се обидат да остварат некои од своите најскириени интимини желби. Критериумите за нова врска ќе ви бидат многу високои. Ќе барате сјај, луксуз и сл. А ништо чудно да налетате на некој личност под сомнителен социјален или деловен статус. Во деловната средина би можеле да се запознаете со недостижна личност која кај вас ќе предизвика воодушевување и ќе ве натера на освојување иако за тоа ќе знаете дека шансите се минимални. Емотивните врски кои ќе бидат зачнати во јуни нема да бидат многу среќни, ќе ви треба многу напор и исцрпување за да ги зачувате. Некои од вас потполно ќе бидат незаинтересирани за љубов и тоа можеби е најсреќно решение, но само доколку енергијата ја насочите на добро место. Оние кои уживаат во авнтурите, кратките љубовни врски во овој месец постојано ќе налетуваат на некои тврдоглави личности кои ќе се трудат да ви понудат стабилност и сигурност, а вие тоа во моментот не го сакате. Оние кои се во подолга врска или брак ќе мораат да вложат многу труд за да ја зачуваат хармонијата. Од работното место често дома ќе си доаѓате нервозни каде ќе ве дочекаат нови проблеми. Постојано нешто ќе ви се префрла како другата страна не е задоволна од односот и како нешто треба да промените во вашето однесување. Значи Јуни не е многу среќен за љубов, ќе мора да бидете трпеливи уште некое време за да ја најдете љубовната среќа.овидете се во се да најдете заеднички јазик како би ги избегнале проблемите и нервозите. Кон крајот на месецот ќе го почвстуввате првиот знак на задоволство. Понатаму доаѓаат среќни денови.

    Здравје

    Јуни ви носи доста силни и нехармонични делувања на планетите. Поставеноста на вашиот владетел Марс во за вас нехармоничниот знак на Лав нема да ви даде доволно енергија да се справите со сите здраствени проблеми, а лошата поставеност на Венера неповолно ќе делува на вашиот изглед. Ќе се облекувате без некое посебно задоволство, а тоа ќе ве прави неатрактивни. Со здравјето поголеми проблеми нема да имате меѓутоа постојано ќе чувстувате некаков притисок и мисла дека нешто не е во ред со вашето здравје. Внимавајте на срцето и не се изложувајте премногу на сонце. Плаанинарските излети можат многу поволно да влијаат во овој период, тоа е место каде најдобро можете да ја потрошите негативната енергија.

    Совет

    Мора да ги решите љубовните проблеми, погледнете на назад и видете каде сте грешеле. Тогаш веќе пола работа ќе ја завршите.

    Идеален партнер

    За овој месец најповеќе ќе ви одговараат личностите родени во знакот на Рак. Проблемите ќе ги споделувате заедно, а страстите нема да дозволуваат расправии. Ова се судбински важни врски кои неможат да ги расипат ниту лошите аспекти. Скорпијата како партнер е љубоморна но Ракот вознесува со својата верност. Ракот бега од дома и се бори на многу места, но кога ќе дојде дома се смирува во топлото крило на Скорпијата. Жестоката Скорпија бара се или ништо, за предаство убива но топлиот Рак го смирува. Овие две личности ги мотивираат чувствата и интуицијата. Врската која ги врзува обично е многу цврста. Раковиот чувствителен пристап кон сексот може само да ја продлабочи врската. Овие двајца ветуваат сјајна заедница.

    СТРЕЛЕЦ

    Работа

    Во текот на овој месец деловните настани би можеле од вас да бараат доста работа и само работа. Се разбира дека тоа нема да ве воодушеви, но смирено ќе го прифатите таквиот развој на настаните посебно ако сте пресно вработени. Како и да е сите овие настани ќе ви направат позитивни промени и можност да го преуредите својот живот. Повеќето Стрелци како родени авнтуристи ќе почувстуваат исклучителна потреба за уживање и авантури, меѓутоа тешко ќе ви паѓа тоа што постојано ќе треба да мислите на ситуацијата на работното место. Во втората половина од јуни ќе се обидете да избегате од одговорностите и обврските што не е така добра идеа, лесно можете да бидете казнети и да не ги одбиете потребните бенифиции, кои ќе ви бидат потребни во наредниот месец. Оние кои целосно ќе му се посветат на работата и ќе ги потиснат желбите за излежување на песочните плажи, ќе направат значајни деловни успеси. Можни се интересни контакти со странство кои ќе ги прошират вашите видици и ќе ви овозможат порелаксирано да работите. После 21 јуни потешко ќе се концентрирате на секојдневните работни задачи, а големата енергија и способност за планирање нема да биде на потребното ниво за да го остварите посакуваната цел. Во овој период ќе се занимавате со малку посурови деловни активности кои од вас ќе бараат многу сталоженост и трпеливост. Финасиската состојба во првата половина од месецот нема да доживее некои позначајни промени релативно мирно ќе ги поднесувате сите секојдневни трошоци. Позначајни финасиски збиднувања очекувајте после 21 јуни кога вашите заштеди би можеле да пресушат или премногу да се растрошите и да изгубите контролата над финасиите. Не дозволувајте заради некои ситни пропусти да дојдетре во нова криза токму пред летните одмори.

    Љубов

    Веќе од првите денови на јуни почнувате со интензивен љубовен период кога воглавно ќе се занимавате со освојување или решавање на пореметените односи во вашата љубовна врска. Вашите емотивни критериуми ќе бидат исклучително високи, па за чудо нема да ве привлекуваат авантури и кратки љубовни врски. Некои ќе бидат и понатаму во потрега за возбудувања меѓутоа тешко дека ќе ги најдат. Ќе ве привлекува се што е недостапно и тешко освоиво, а кај повеќето од вас ќе се појави и желбата за врски со странци кои ветуваат далечни патувања и живот во странство. После 21 јуни ќе бидете нешто понапнати, па би можле бурно да реагирате на секое потискување на вашите желби. Не си го расипувајте доброто расположение со непотребни расправии за кои знаете дека не сте во право. Ако не сте вработрени спакувајте ја вашата торба и заминете на некое од нашите туристички места, ве очекуваат доста интересни и емотивни средби во кои ќе има многу возбуда, страсти и дружење. Оние кои се во врска би било добро краток период да поминат без партнерот. Тоа можеби накратко ќе ве онерасположи меѓутоа позитивно ќе влијае за зацврстување на вашата врска. Ако сте во брак подгответе се за обврските како спрема својот партнер таки и спрема децата и роднините. Тоа помалку ќе ве исцрпува и ќе ве прави нервозни не си дозволувајте некои мали недоразбирања со роднините да ви направат големи промени и емотивна напнатост. Би било добро накратко со партнерот некаде да заминете и да ги поделите интимните моменти во некое летно одмаралиште. Уживајте во својата заводливост и привлечниот изглед. Мала доза на љубомора и посесивност од страна на вашиот партнер може да биде добра. Кон крајот на месецот слободните Стрелци би морале малку да бидат повнимателни. Во силната желба на некој да му го подарите своето срце би можеле да налетате на помалку интригантна личност која нема да ја забележува вашата заинтересираност. Можни се и авантури со колегиили личности кои живеат непосредно до вас.

    Здравје

    Во текот на јуни ќе зрачите со привлечен и шармантен изглед, ќе бидете желни за возбудувања и авантури, а сето тоа е резултат на големата енергија, оптимизмот и еланот. Првата половина ќе ја поминете без речиси никакви здраствени проблеми, меѓутоа втората половина ви носи ненадејни нервози кои би можел да предизвикаат помали пречки со зелудникот и воопшто органите за варење на храната. Други здраствени проблеми нема да чувствувате освен што ќе треба да внимавате од повреди кои се нагласени кај родените во првата декада. Внимавајте на колковите и воопшто на нозете, лесно можете да здобиете некоја скрешеница.

    Совет

    Искористете го поволниот период како во деловниот така и во емотивниот живот. Не заборавајте на деловните обврски сеуште не е време за годишни одмори.

    Идеален партнер

    Доколку ви треба личност за патување, авантир и заминување некаде во странство за тоа најсреќни ќе ви бидат Лавовите. Двата знаци се со огнена природа па таква ќе биде и нивната љубов. Нивниот сексуален живот е нагласен и тоа во прв план, а несогласност се јавува во општествените интереси и желби. Стрелецот многу често има склоност кон кокетирање со спротивниот пол и често се впушта во прељуби. Во оваа комбинација Стрелецот е далеку поснажен партнер. Гордоста на Лавот можеби ќе биде причина за нивната права кавга, затоа што ако забележи, Стрелецот дека му се восхитува на некој друг, ќе биде повреден и ќе ја прекине врската. Иако расправиите можат да бидат чести оваа врска сепак може да се одржи и да биде извонредна.

    ЈАРЕЦ

    Работа

    Марс во Вага во текот на целиот јуни ќе ви предизвикува пречки и разочарувања на деловен план. Ќе иамте чувство дека цела своја енергија и сила ја трошите на работа и на разни обврски, а резултатите од толку големиот труд ќе ви изгледаат недоволни и беззначајни. Поставеноста на Меркур исто така во непријателскиот знак на Близнаци ќе ви ја зголемува напнатоста создавајќи напнати односи со деловните соработници, претпоставените и колегите. Добрата комуникација е исклучително важан во овој период и доколку не ја подобрите лошо ќе се одрази на вашиот работен елан и животен ентузијазам. Би било добро во првата половина од месецот да избегнувате нагли одлуки и конфронтации со авторитетите, а повеќе да се ориентирате на заостанатите обврски. Во втората половина од Јуни ситуацијата значително ќе се подобри иако сепак ќе биде далеку од идеална. Трпеливоста и самоконтролата ќе ви помогнат да бидете успешни и креативни, па последните денови од јуни може да ви го донесат посакуваниот успех и добрите резултати. Ќе ви одговараат работи поврзани со патувања контакти со странство, надворешна трговија и комуникации, а добро ќе ви бидат аспектирани и работите поврзани со трговија, истражување и маркетинг. Затоа причекајте ја последната декада од месецот тогаш се ќе биде подобро и полесно. Резултатите ќе бидат нешто поповолни за родените во вотрата декада кои поради добрата поставеност на планетата на среќата Јупитер сеуште се под заштита. Финасиската состојба нема да биде како што посакувате особено во почетокот на месецот кога ќе ви се чини дека парите ги гините или некој ви ги зема, а резервите ќе ви исчезнат без трага. Покрај сето тоа константно ќе се расправате со претпоставените барајќи покачување на личниот доход.

    Љубов

    Ве очекува нестабилен месец посебно за оние кои веќе се во врска. Напнатоста најповеќе ќе ја чувстуввате во почетокот на месецот кога одненадеж ќе ве зафати љубовна криза и ќе се најдете толку осамени што ќе започнете да ги преиспитувате чувствата. Тешко ќе се смирувате, а брзо ќе се лутите. Партнерот едноставно не ќе може да ја поднесе вашата крутост и лутењето поради некои ситни проблеми, најчесто љубомората, посесивноста и таинственсота. Гледајте да не претератеи да изгубите некој кој навистина го сакате. Биде поотворени и подиректно пристапувајте кон партнерот, одлучете се за искрен разговор и не ги потискувајте чувствата. Само доколку успеете да ги решите овие проблеми во втората половина од јуни ќе ви бидат понудени прифатливи објаснувања и во вашиот емотивен живот повтроно ќе се внеси оптимизам. Затоа доколку успеете да го пребродите овој период со сопствени сили ќе промените некои работи кои до сега многу ви пречеле. Втората половина од јуни ќе биде многу попријатна и поисполнета со љубов. Вашата врска би можела да доживее нов почеток и среќен продолжеток. Можете да го искористите овој период и за краток одмор, на тој начин ќе избегнете многу деловни грижи, барем на кратко, а ќе проживеете незаборавни моменти исполнети со нежност и топлина. Ако сте слободни или пак не сте задоволни од постоечката врска љубовното задоволство ќе го пронаоѓате во тајните авантури. Нескалдно поставениот Марс може да предизвика многу разочарувања и незадоволства, но исто така и многу еротски апетити кои тешко ќе можете да ги задоволите со една личност. Ваквото однесување може да предизика несакан емотивен хаос како и многу непријатни ситуации. Воздржете се од било какви врски во првата половина од овој месец. После овој период ќе бидете многу повеќе заинтересирани за љубов и емоции одколку за минливи авантури.

    Здравје

    Во јуни не би требало да имате некои посериозни здраствени тешкотии, единствен проблем ќе биде негативно посатавениот Марс кој би можел да предизвика чести замори, нервоза и главоболки. Со влегувањето на Сонцето во знакот на Рак после 21 Јуни ќе ја добиете потребната заштита од Сонцето и Венера кој покрај тоа што ќе ве надарат со убави привлечен изглед ќе имате и добра физичка кондиција и виталност. Затоа не се затварајте во четири ѕида со кафе и цигари, излезете во природа, возете велосипед, трчајте и сл. Така ќе се чувствувате многу поздраво, а нервозите осд работното мсето ќе ги знема.

    Совет

    Избегнвуајте ги расправиите со деловната околина и концетрирајте се на сопствените амбиции. Додека гледате што работаат другите и колку сработиле дотогаш ќе имате и проблеми со кариерата.

    Идеален партнер

    Идеален партнер на емотивен план за овој период најповеќе ќе ви одговараат Раковите. Препуштете им се на нивната сигурна рака и едноставно уживајте. Бидејќи и двајцата се внимателни со парите во оваа врска не би требало да има финансиски проблеми, умеат со него да располагаат и да штедат. Без оглед на тоа колку пари имаат сепак нема да пропутат да ја прослават било која семејна свечаност. Таа сентиманталност им е заедничка и може да стане основа за поинтимна врска меѓу нив. Јарецот можеби ќе треба да развива романтични склоности за да го усреши Ракот вкревет, а Ракот пак ќе мора да се помири со тоа дека Јарецот не е расположен за секс кога ќе падне во една од своите депресии.

    ВОДОЛИЈА

    Работа

    Бидејќи веќе некое време се трудите да ги решите љубовните проблеми, деловниот живот ќе ви овозможи своето незадоволство да го конмензирате на деловен план задоволувајќи ги своите амбиции. Одлично ќе ви одат сите работи кои ќе ги зафатите меѓутоа недостатокот е во тоа што концентрацијата ќе ви биде на многу ниско ниво поради лошиот аспект помеѓу Меркур и вашиот владетел Уран. Можни се и некои препреки кои ќе се јават на самиот почеок на месецот и помалку ќе ја намалат самодовербата. Но со упорност и истрајност и малку поголема работливост ќе успеете да вратите се на старо. Веќе од втората недела од јуни ситуацијата ќе може да се менува во ваша корист, а и приликите за успех ќе бидат се почести. Комуникациите значително ќе ви се подобрат а со колегите многу подобро ќе се сложувате. Нивната подршка ќе ви биде исклучително важна во овој период. Ќе ви помогнат да го пребродите помалку неповолниот почеток на месецот и да останете на вистинската линија. Доколку се занимавате со некоја јавна дејност или работа во медиуми припазете на своите изјави и подгответе се за несогласувања со својата околина. Но доколку вашата работа е поврзана со економија, банкарство и вложувања, во текот на целиот месец ќе бидете задоволни со развојот на настаните и конечниот резултат на ситуацијата. Ќе ви одговара и самостојна работа, а најповеќе резултати ќе постигнете во областа на медицината, науката и тениката и патувањата. Комуникацијата сос странство ви е поволно аспектирана, можете слободно да сметате на вашите деловни соработници и малку на вашата интуиција, па да тргнете напред. Со финансиската сотојба ќе биде задоволни посебно во првата половина од месецот кога се добро аспектирани вложувањата и сите трговски трансакции.

    Љубов

    Ситуацијата на љубовен план во јуни ќе ви биде просечна. И покрај многуте несогласувања со личноста која ја сакате сепак добро ќе си минувате и брзо ќе ги решавате проблемите. Во последно време некако сте имуни на недоразбирањата и ви станале секојдневие. Па така понекогаш можеби и ќе ви недостасуваат. Сонцето е поставено во за вас пријателскиот знак на Близнаци, меѓутоа опозицијата од Марс и Уран, вашиот владетел, постојано непријатно ќе ве изненадува со бран на недоразбирања и несогласувања. Многу полошо ќе си поминете доколку за партнер имате некоја тврдоглава личност. Тоа најчесто се земјените знаци, па би било добро во овој период да ги избегнвуате. Позитивно е тоа што често ќе размислувате, па можеби конечно ќе сватите дека среќата треба да ја барате на друго место. За некои Водолии овој месец ќе биде исклучително важен посебно за оние кои се кои се наоѓаат во тајна врска. Конечно ќе пронајдете решение за своите проблеми и вашата љубов ќе ја обелодените. Ваквиот избор нема да направи да се почуствувате подобр, но доколку се одлучите за такво нешто потрудете се голем дел да остане и понатаму тајна бидејќи во спротивно многу луѓе ќе бидат навредени. Останатите Водолии кои имаат нормална врска постојано ќе се занимаваат со некои задкулсни игри кои се повеќе ќе ве исцрпуваат и внесуваат во позамрсена состојба. Затоа обидете се помирно и посталожено да го поминете овој месец и големите одлуки да ги оставите за некој нареден период. Слободните нема да се занимаваат со вакви проблеми иако овај месец нема да им биде многу плоден, тие ќе се чуствуваат задоволно и среќно. Имате изразена потреба за љубов и внимание, а тоа го добивате од пријателите и во моментото ви е сосема доволно. Избегнувате кратки авантури посебно не со личности кои веќе се во врска. Не се залажувајте било што да направите најпрвен побарајте чист терен. Кон крајот на месецот проблемите можеби повеќе ќе се разгорат и ќе ве натераат на некои промени за кои подоцна ќе сватите дека сте направиле добар избор. Затоа не брзајте со изјавите и постапките во љубовта, оставете времето само да ви го покаже патот.

    Здравје

    Поставеноста на Марс во знакот на Вага укажува на чувствително здравје. Постојано ќе ве прати чувство на замор и исцрпеност посебно во втората половина од месецот кога и онаа подршка од Сонцето што ја имавте ќе ја изгубите. Имунитетот ќе ви биде значително ослабен, ќе бидете и многу раздразливи. Немојте да се оптеретувате со проблеми и грижи и оидете се да ги избегнувате стресните ситуации. Тие во моментот им се најголем непријател на вашето здравје. Ваквата состојба може многу да делува врз вашиот изглед, па би било добро повеќе да внимавате на своите навики и да водите поуреден живот.

    Совет

    Обидете се колку можете посмиерно да ги пребродите кризите и напнатостите посебно на љубовен план. Посветете му се повеќе на работата и внимавајте на своето здравје.

    Идеален партнер

    Во овој месец најповеќе разбирање за вашите проблеми ќе имаат Близнаците. Ова се два воздушни знаци, па со тоа постои взаемна и искрене љубов. Спонтано се сретнуваат и без предрасуди влегуваат во љубовна врска. Ги поврзуваат идеали, музика патувања, авантури друштва итн. Не се љубоморни еден на друг, секогаш се во лов на нови сензации и создаваат нови и нови познанства. Близнаците се површни, додека Водолијата има нешто подлабоки чувства и лесно продира во суштината на нештата, па со тоа лесно се усогласуваат. Во оваа врска се зависи од Водолиите и од степенот на ниваната ексцентричност. Можат да имаат добар брак.

    РИБИ

    Работа

    Во првата половина од jуни со тешкотии ќе ги извршувате обврските, а големата работливост нема да ви ги донесе деловните успеси кои ќе ги очекувате. Состојбата највероватно ќе биде закомплицирана од бројните љубовни проблеми како и недостатокот на концентрација поради нескладниот аспект на Меркур, кој е поставен во за вас непријателскиот знак на Близнаци. Исто така смислата за организација ќе ви биде нарушена па доколку сте на раковнодна функција ќе имате сериозни проблеми со хиеархијата. Сопствените обврски ќе ги чувствувате како присила и ќе ги извршувате само затоа што морате. Бегството од љубовните проблеми многу ќе го најдат во работата и тоа е донекаде добро бидејќи само така ќе ги зивегнете разочарувањата. Доколку работите со партнер подгответе се за несогалсувања, а исто така и расправии со јавноста доколку вашата работа е поврзана со медиуми политика и сл. Ќе ви одговра индивидуална работа која бара мир и тишина. Добро ви се аспектирани работите поврзани со медицина, техника и научна работа. Големите деловни промени и важните одлуки одложете ги за подобри времиња, а втората половина од јуни искористете ја за подготовка на теренот и исполнување на некои релани и конкретни амбиции. Со други зборови сопствените работни обврски прифатете ги како задоволство и пат до успехот, а не како решение за бегство од љубовните проблеми, на тој начин и на вас и на луѓеето кои ги сакате животот ќе им го направите полесен а вие самите ќе бидете позадоволни и поподготвени за борба за сопствените амбиции. Финасиската состојба ќе ви биде променлива и помалку незадоволителна, ќе имате чувство дека премногу работите, а вашата работа не е доволно и чесно наградена. Покрај сето тоа многу ќе трошите, па во средината на месецот би можеле да се најдите во многу непријатна ситуација. Избегнувајте да позајмувајте и не претерувајте во трошењето. Обидете се што порационално да ја распределите платата.

    Љубов

    На емотивен план ќе бидете помалку разочарани бидејќи имагинарните игри кои често ве правеле среќни и ве возбудувале ќе ви недостасуваат. Многуте деловни обврски и премалку слободно време ќе предизвика незадоволство кај партнерот, а со тоа и во вашиот љубовен живот. По се изгледа вашата врска зафатила чуден тек, а вие почнавте да се чувствувате запоставени. Чувствувате силна желба за промена и нови настани а не гледате дека можат да се случат. Можно е ново и неочекувано пријателство кое на момент ќе ви се причини дека е она вистинското и дека е идеално решение за сите досегашни проблеми, но набрзо ќе следи разочарување. Можеби е подобро да се зафатите со работа, а во слободното време помалку да си фантазирате. Само така најлесно ќе го поминете овој непријатен период за љубовта. Оние кои се во врска се повеќе време ќе минуваат на работното место преокупирани со деловните проблеми несвесни дека таквото однесување само ја влошува состојбата помеѓу себе и партнерот. За се ќе го наоѓате виновен него, како нема доволно разбирање за вашите проблеми, а кон средината на месецот состојбата може толку многу да се закомплицира што едноставно нема да се чувствувате способнии да промените некои работи и да почнете да го решавате проблемот. Издржете до третата декада, па многу од работите ќе почнат да се менуваат на подобро. Во тој период ве очекува и некоја авантура која толку добро ќе ви дојде што ќе посакате вечно да трае. Ако сте слободни, јуни нема да ви донесе некои големи промени во вашата љубовна ситуација. И понатаму упорно ќе барате сродна душа, а разочарувањата кои ќе следуваат ќе ги лечите со деловните обврски. Понуди секако дека ќе имате но ништо од тоа нема да ви се допадне. Не си дозболувајте ваквата ситуација да внесе тага во вавшето срце и да ве натера да се вратите кај некоја стара љубов.

    Здравје

    Во почетокот на месецот вашата здраствена ситуација ќе биде задоволителна, меѓутоа како ќе минуваат деновите вашата виталност и енергијај ќе се намалува, па некаде во втората недела од Јуни ќе ве афатат и првите здраствени проблеми. Тоа ќе биде нервоза, преоптеретеност и замор, а ќе се задржат се до крајот на Јуни. За многу Риби ваквата ситуација ќе биде нјанормална меѓутоа сепак внимавајте на сопственото здравје особено ако имате проблеми со органите за варење на храната, бубрезите и гениталните органи. Стресните ситуации избегнувајте ги максимално доколку имате проблеми со срцето и нервите. Ваквата состојба може да се одрази на вашиот надворешен изглед затоа јадете здрава храна и занимвајте се повеќе со спортски активности.

    Совет

    Не се препуштајте на депресии и црни мисли, размислувајте постојано за можни решенија. Кон крајот на Јуни проблемите ќе бидат далеку зад вас.

    Идеален партнер

    Во овој месец ќе ви треба партнер кој ќе има разбирање за вашите проблеми, а тоа најдобро ќе го сторите со некој роден во знакот на Бик.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.