6 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Хан: ЕУ ќе продолжи со проширувањето и по Брегзит

Еврокомесарот Јоханес Хан, во понеделник, оцени дека излегувањето на една земја од членството во ЕУ не значи дека е запрен процесот на ширење на Унијата, туку дека постојат многу причини тој да продолжи, јави Танјуг.

han_golema

Отворајќи го Бизнис форумот во рамки на Самитот за Западен Балкан во Париз, Хан нагласи дека и натаму постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан, и покрај фактот што ЕУ влезе во тешка фаза.

„Тоа што сме соочени со излез на една земја не значи дека е крај со процесот на ширење, туку, напротив. Има многу причини за ширење на ЕУ, а Европската комисија е определена да го продолжи овој процес“, нагласи Хан.

Според него, засилувањето на агендата за инфраструктурно поврзување на земјите од регионот претставува значајна можност за натамошно поттикнување на соработката, како и за подобрување на околностите за инвеститорите.

Хан смета дека пристапниот процес не е само усогласување на законодавствата, туку е фокусиран и врз областа на економијата, односно врз економскиот раст и поттикнување на конкурентноста.

Во пристапниот процес, многу се важни владеењето на правото и економскиот развој, додава Хан.

Вели дека земјите од Западен Балкан и натаму се соочени со одредени проблеми на товар на минатото, но дека повеќето земји прикажаа јасна приврзаност кон реформи.

Порача дека сите влади треба и во следниот период да преземат конкретни чекори во тој правец.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.