6 C
Skopje
сабота, април 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Фото и видео) По верижен судир, изгоре автомобил во Загреб, еден возач хоспитализиран

    Еден возач беше итно пренесен во најблиската болница по сообраќајната несреќа што се случи меѓу три возила во Загреб.

    По верижниот судир, еден од автомобилите се запалил, пренесува „24 сата.хр“. На местото на несреќата, покрај полицијата, итно беше повикана и противпожарна екипа.

    Фото: 24Сата.хр

    Од силниот удар еден од автомобилите беше превретн наопаку.

    Фото: 24Сата.хр

    Според неофицијални информации во медиумите, полицијата недалеку од местото на несреќата го нашла возачот, чиј автомобил по ударот се запалил.

    Фото: 24Сата.хр

    Поради прибирањето докази, кое траеше неколку часа, затворен беше и булеварот на кој се случи несреќата.

    Фото: 24Сата.хр

    Истрагата, соопштија од полицијата за тамошните медиуми, и натаму е во тек, а по завршувањето, ќе се знаат причините поради кој дошло до судирот.

    Медиумите се обиделе да дојдат и до информации за здравствената состојба на возачите, меѓутоа таа засега е непозната.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.