6 C
Skopje
среда, август 17, 2022

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ивана во Германија замина со последните 200 евра и 2 куфера: Сакав да пропаднам во земја од тага, а сега нашиве доле неможам да...

    Ивана Тевих е родена во Крапина. Пред помалку од две години, на 33-годишна возраст, таа почувствува голема потреба за промени. Работела во бутик скоро 12...

    Ослободете се од замор и зајакнете го мозокот: 7 намирници за подобра меморија и концентрација

    Според резултатите од една американска студија која се занимаваше со темата за стареење, се покажа дека храната богата со фолати е добра за мозокот...

    Од ова место мајката божја им дарила пород на многу жени, духовно светилиште во Македонија кое треба да го посетите

    Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ или познат како е средновековен храм кој се наоѓа на 3 километри над селото Сливница во Преспа. Манастирот датира од...

    Тина била мртва 27 минути. Кога повторно се разбудила напишала три збора кои никој нема да ги заборави:

    Минатото лето Американката Тина Хајнс се бореше да ја преживее битката на нејзиниот живот. Таа е мртва (во клиничка смрт) речиси половина час! И...

    Татко моли за помош да не го одделуваат од болната ќерка која е на лекување во Турција

    Велешанец моли за помош да не го одделуваат од болната ќерка која е на лекување во Турција, откако тамошните власти попладнево сакаат да го депортираат во Македонија. Александар Здравевски, чија двегодишна ќерка под итно мораше да се лекува во болница во Истанбул денеска на социјалните мрежи сподели апел за помош, барајќи македонските институции да му помогнат за да остане во Турција.

    Тој во моментов се наоѓа на аеродромот во Истанбул, заедно со емигранти од повеќе земји, и таму ќе остане се до утре во 16 часот кога има лет за Македонија. Неговата сопруга и ќерката успеале да обезбедат документи за да останат во Истанбул, но Здравевски, поради тоа шт не успеал навреме да го пријави престојот во општината ќе мора да ја напушти земјата.

    Неговите пријатели и познаници на социјалната мрежа Фејсбук му нудат помош на таткото, кој е очаен поради одлуката за депортација. „Колку неморал и нечовечност треба да има човек за да депортираат родител кој оди во болница за да си го спаси сопственото дете“, напиша Здравевски на Фејсбук.

    Сите му нудат помош на семејството, а оние кои што зборуваат турски јазик, се нудат да се јават во конзулатот во Истанбул за да се разреши случајот.

    За немилата случка со семејството Здравевски се запознати и во македонското Министерство за надворешни работи. Оттаму велат дека е воспоставен контакт меѓу конзулатот и таткото и се оечкуваат подетални информации зошто тој е задржан на аеродромот за да биде депортиран во земјава.

    Според објавата на фејсбук профилот на Здравевски тој со сопругата и ќерката заминал за Турција попладнето на 8 февруари.  Дозволен им бил двомесечен престој поради лекување на детето во Турција. Пред две недели кога биле на контрола, тврди дека на им дале да потпишат ливчиња дека ќе одат општината за да се пријават. „Но ние слетавме вечерта на 8 февруати околу 21 часот, се сместивме и наредниот ден бевме на  контрола во болницта, која ја напуштивме вецерта во 21 часот.Не ни знаевме дека мораме да се пријавиме во општината, а и да знаевме немавме време за тоа“, пишува Александар на Фејсбук.

    Тој во преписката на социјалната мрежа со граѓаните кои му нудат помош, вели дека  не успеал ниту да се збогува со најблиските, заминал без јакна, а на аеродромот немал никаква права, ниту преведувач. Го оставиле без храна и вода четири часа,  барал да му се озвоможи телефонски да разговара, но и тоа не му било дозволено.

    На малата Јана Здравевска од Велес родена во 2015 година на 1 годишна возраст и е дијагностицирано AML (акутна мијелоидна леукемија). На клиниката за детска онкологија во Скопје по примена хемо терапија Јана ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул. Целокупниот процес околу трансплатацијата ги покри Фондот за здравство.

    Јана успешно ја помина трансплатацијата, но треба да прави контроли на секои 2 месеци во истата болница во Турција, кои чинат по 2.500 евра, за кои се собираа средства преку донации.

    „Мислев дека сум се соочил со сите неправди на овој суров свет. Но сега су затворен на аеродром во Истанбул заедно со емигрантите од Пакистан, Сирија, Ирак… Тука треба да престојувам до утре до 16 часот кога има авион за Македонија и да бидам депортиран. Побарав да добијам преведувач – не добив, храна и вода им барав 4 часа, за на крај да морам да викам дека сум дијабетичар за да ме сфатат дека цел ден немам ниту јадено, ниту пиено ништо. Каде да се обратам јас во овие моменти, каде да го пронајдам нашиот амбасадор или конзулат, кои што би требало да им служат и помагаат на државјаните на Република Македонија во вакви тешки моменти. Немам повеќе што да кажам и за ова едвај собрав сила“, напиша Здравевски во апелот на Фејсбук.

    Тој утре сепак ќе мора да се врати во Скопје, да ја тргне „забраната“ во турската амбасада во земјава, по што очекува да му биде овозможено повторно да биде со своите најмили. „Благодарност до конзулот во Истанбул кој даде се од себе за да помогне, но тоа е тоа. Ссе надевам дека ќе ме чека мојата хероина и да ја водиме битката заедно“, порача Александар.

    Latest Posts

    Ивана во Германија замина со последните 200 евра и 2 куфера: Сакав да пропаднам во земја од тага, а сега нашиве доле неможам да...

    Ивана Тевих е родена во Крапина. Пред помалку од две години, на 33-годишна возраст, таа почувствува голема потреба за промени. Работела во бутик скоро 12...

    Ослободете се од замор и зајакнете го мозокот: 7 намирници за подобра меморија и концентрација

    Според резултатите од една американска студија која се занимаваше со темата за стареење, се покажа дека храната богата со фолати е добра за мозокот...

    Од ова место мајката божја им дарила пород на многу жени, духовно светилиште во Македонија кое треба да го посетите

    Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ или познат како е средновековен храм кој се наоѓа на 3 километри над селото Сливница во Преспа. Манастирот датира од...

    Тина била мртва 27 минути. Кога повторно се разбудила напишала три збора кои никој нема да ги заборави:

    Минатото лето Американката Тина Хајнс се бореше да ја преживее битката на нејзиниот живот. Таа е мртва (во клиничка смрт) речиси половина час! И...

    АКТУЕЛНО

    Печалбарска сцена што го расплака целиот Балкан: Се збогуваат на автобуска станица, тој заминува без неа и детето …

    Фотографијата од младиот брачен пар што се разделува на автобуската станица во Тузла за кратко време ги запали социјалните мрежи и предизвика коментари полни...

    Бидете внимателни со вашите сметки во Грција! Лажат (ФОТО)

    Балканка решила да ги предупреди нашите граѓани за шеми кои се прават во рестораните во соседна Грција. Таа прецизира дека кога им дале забелешка...

    Татkото бил „презафатен“ со мобилниот за да го погледне синот – 2 минути подоцна ја сфатил својата грешка

    Технологијата ни даде неверојатни можности за комуникација кои беа научна фантастика со децении. Технологијата, а особено телефоните, не поврза и не раздели повеќе од...

    Мајката го оставила момчето (3) на гробишта, но Господ се погрижил за него

    Бог е секогаш со нас. Тој нè чува и бдее над сите околу нас. Така тој се грижел за 3-годишно момче кое мајка му,...

    (ЦЕЛА ПРОЦЕДУРА) Бугарски пасош: Трендот не запира, како најлесно до него?

    Не запира бранот на граѓани кои речиси секојдневно се упатуваат кон соседна Бугарија . Причината-бугарски пасош. Бројките рушат рекорди а источниот регион и градот Делчево и...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.