ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

„Сопругата ја испратив кај родителите со детенцето, па ја променив бравата“: Татко направил неверојатен потег, а еве зошто сите го поддржале!

Маж кој сакал да остане анонимен, се пожалил на „Редит“ за својот брак. Имено, тој после 3 години дознал дека ќеркичка не е негова и дека сопругата го изневерила. Потоа опишал што направил по повод таа ситуација.

„Со сопругата имаме 3-годишна ќерка. Имав сомнеж дека девојченцето е мое и воопшто не личи на мене. На крајот скришно направив ДНК тест. Навистина не е моја ќерка. Пред една недела ѝ го кажав тоа на сопругата и побарав развод.

Врескаше, ме удираше, ми велеше дека не ме изневерила. Си заминав мирен и прибран и ѝ велев дека ќе ѝ простам ако признае. На крајот призна дека ме изневерила, но според неа тоа не е страшно, бидејќи се случило само еднаш“, рекол сопругот.

„Се разбира, не ѝ опростив. Ѝ реков да го земе детенцето и да отиде кај нејзините родители, за наводно да размислам.

Кога си замина само ја променив бравата. Не планирам да ѝ простам и нема што да се размислува, помеѓу нас е готово, но морав да ѝ го кажам тоа инаку ќе одбиеше да си замине. Жал ми е за девојчето, но не сум нејзин татко и таа повеќе не е моја одговорност.

Мојата наскоро поранешна жена нека му се јави на биолошкиот татко на детето ако ѝ е потребна помош. Сама си ископа дупка и нѝ ги уништи животите“, заклучил несреќниот маж.

Во коментари луѓето ја поддржале неговата одлука од очигледни причини.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.