Лебчиња со путер и сусам се највкусните што некогаш ќе ги јадете. Откако ќе ги пробате, ќе ги направите само со овој рецепт.




Потребни производи:
гриз – 150 гр
брашно – 420 гр
сол – 1 лажиче
квасец – 20 гр
топла вода – 340 мл
путер – 40 гр
сусам
Подготовка:




Измешајте го просеаното брашно со гриз, сол и квасец, измешајте.
Постепено додавајте ја топлата вода и замесете многу меко тесто. Најважно е да не претерувате со водата, за да не додавате многу брашно и да не добиете многу густо тесто.




Покријте го тестото и оставете го 1 час на топло место.
Посипете ја масата со брашно и измесете го тестото.




Поделете го на два дела и секој расукајте го во кора. Исечете кругови, покријте ги со крпа и оставете ги 5 минути.
Пржете ги во топла сува тава додека не поруменат од двете страни.




Наредете ги една врз друга, обилно намачкајќи ги со парче путер и посипете ги со сусам.
Веќе нема потреба да купувате леб. Овие лебчиња со сусам се толку меки и слатки. Ако сакате слатка опција, додадете лажица шеќер во тестото, посипете со афион и послужете со чај.