Недела е вистинско време да направите вкусна чоколадна торта и да уживате со Вашето семејство додека ја јадете. Ние Ви нудиме неверојатен рецепт за тортата црното кадифе која ќе ги помилува Вашите сетила како вистинско кадифе.
Загрејте ја рерната на 190 степени. Во длабок сад измешајте ги маслото со двата вида шеќер додека да добиете хомогена смеса, а потоа додадете ги јајцата и ванилиниот шеќер и измешајте уште малку.
Во друг сад измешајте ги брашно, нескафето, сода бикарбоната и солта, а потоа додадете малку по малку од смесата со масло и шеќер.
На крај додадете парчиња чоколадо, промешајте полека со лажица и распоредете ја смесата во сад за печење, подмачкан претходно убаво со путер или маргарин и облеан со брашно.
Печете го колачот околу 20-тина минути или додека тестото да е испечено. Оставете го малку да се олади (но да е уште топло), извадете го од формата и насечете го на коцки.
Секоја коцка ставете ја во посебна десерт чинија, одозгора сервирајте со топка сладолед или посипете со малку мед или чоколаден прелив.
Потребни производи:
- 230 гр. Путер
- 220 гр. Кафеав шеќер
- 100 гр. Обичен шеќер
- 2 јајца
- 2 пак. Ванилин шеќер
- 300 гр. Брашно
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче нескафе
- 1,5 лажиче сол
- 230 гр. Темно чоколадо (исечено на парчиња)
- сладолед по избор
- малку чоколаден сос
- малку мед