Потребно е:
500 гр маргарин
250 гр шеќер во прав
1 лимон
2 кесички ванилин шеќер
100 гр ореви
околу 1 кг брашно
џем од кајсии
уште малку шеќер во прав, за посипување

Подготовка:
– Пенесто изматете ги маргаринот и шеќерот во прав. Додадете ги и изренданата кора од лимон и исцедете го лимонот. Додадете го и ванилиниот шеќер и мелените ореви.

– Почнете постепено да го додавате брашното и замесете не многу тврдо тесто.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало со дебелина околу 1 см.

– Со чаша вадете ги ванилиците и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 5-10 минути. Внимавајте не треба да потемнат.

– Уште топли споите ги две по две со џем од кајсии меѓу нив. На крај увалкајте ги во шеќер во прав.