За сите оние кои обожуваат слатки десерти, а немаат многу време за нивна подготовка …

Потребно е:
за тестото:
4 големи јаболки
1 чаша (од 200 мл) мелени ореви
1 чаша шеќер
1 чаша гриз
100 гр суво грозје
1 јајце
1 прашок за пециво
3 лажици рум
1 чаша млеко
1/2 чаша масло

за чоколадната глазура:
100 гр чоколадо за готвење
50 гр путер
6 лажици шеќер
3 лажици топла вода (може и млеко)

Подготовка:
– Јаболките излупете ги и изрендајте ги во еден сад.

– Додадете ги оревите, гризот, шеќерот, маслото, сувото грозје, јајцето, млекото, прашокот за пециво, румот и убаво измешајте.

– Смесата сипете ја во намастена со путер и посипана со малку брашно правоаголна тава.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– По желба печениот колач може да го прелиете со чоколадна глазура. Додека се пече колачот подгответе ја чоколадната глазура.

– Во еден сад на рингла растопете ги путерот и чоколадото. Додадете ги шеќерот и топлата вода. Измешајте да добиете хомогена смеса. Готовата глазура прелијте ја над колачот и оставете да се излади.

– Изладениот колач пресечете го на коцки и послужете.