6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Откриен дел од диносаурус сочуван во килибар

    Научниците нашле килибар во кој е сочуван 99 милиони години стар дел од опашка од пердувест диносаурус, се наведува во студијата објавена оваа седмица во американското списание Current Biology.

    dinosaurs_del

    Лида Ксинг од Кинескиот универзитет за геонауки, една од главните автори на студијата, минатата година наишла на фосилот од оваа пердувесто животно на пазар на килибар во Мианмар. Тоа откритие ќе овозможи нов увид во изумрените пердувести животни, како и во еволуцијата на самите пердуви.

    „Ова е нов извор на информација кој е вреден за интензивно истражување и заштита на таквите фосилни ресурси“, смета Риан Меккелар, еден од научниците кој учествувал во изработката на студијата.

    Научниците се сигурни дека во килибарот/јантарот се наоѓа дел од диносаурус, а не праисториска птица, истакнува Меккелар, бидејќи „опашката е дога и флексибилна“.

    „Зачувана е опашка која се состои од осум пршлени од младенче. Пршлените се окружени со пердуви, кои се сочувани во тридимензионални микроскопски детали“, додава овој научник од канадскиот Музеј Саскатчеван.

    Иако целата опашка прекриена со пердуви, не е веројатно дека тој диносаурус можел да лета, тврди палеонтологот. Тие веројатно на животното му служеле во ритуалните парења или како термичка регулација.

    Ова не е првпат во килибар да се сочувани пердуви од периодот на диносаурусите, но новината се состои во тоа што научниците сега можеле со сигурноста да утврдат дека тие му припаѓаат на диносаурусот.

    Истражувачите пронајдената опашка ја анализирале со ЦТ скенирање и микроскоп. Заклучиле дека пердувите на врвот се темнокафени, со бледа или бела долна страна. Тенкиот слој околу коските содржи траги од железо од хемоглобинот сочуван во примерокот.

    Во познатиот филм „Паркот Јура“ научниците успеваат да клонираат диносауруси од ДНК пронајдена во килобар. Оваа фосилизиран смола од дрвјата често се користи како накит, но Меккелар ја истакнува нејзината важност за палеонтолошките истражувања.

    „Парче килибар содржи мали увиди во древните екосистеми, но чуваат и микроскопски детали, тридимензионални системи и чувствителни ткива кој е тешко да се проучуваат во други околности“, заклучува канадскиот научник.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.