За новиот телефон од средната класа на корејскиот производител, „галакси ј8“, како основа ќе послужи моделот „галакси A6+“, па може да се каже дека ќе претставува поевтина верзија од него. Продажбата на овој уред во Индија започнува по цена од 240 евра.
Во едноделното куќиште направено од поликарбонат е вграден 6-инчен супер амолед- екран со резолуија од 720p+. Телефонот располага со процесор Snapdragon 450, напојуван од батерија од 3.500 mAh.
New Samsung Galaxy J6 and Galaxy J8: infinite screen for little money https://t.co/0YIokDsa83 pic.twitter.com/Ku8vhzHfO7
— WebChaat (@Web_Chaat) May 21, 2018
Системот со две задни камери се состои од главен сензор од 16 MP, со отвор на блендата f/1,7 и втор сензор од 5 MP со отвор на блендата f/1,9. Предната селфи-камера има сензор од 16 MP и сопствен блиц.
Што се однесува до меморијата, ќе постои само една верзија, со 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање. Телефонот доаѓа со оперативен систем Android 8,0 Oreo. Продажбата на „галакси ј8“ ќе почне во јули годинава.