6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Осудени во „Калдрма“: 3000 евра за селекција на обвинети за притвор

Здружението Зелена лупа од Скопје одржа средба со 45 претставници од случајот „Калдрма “, во кој вработени на македонските патарини беа осудени дека со лажни фискални сметки ги присвојувале парите од наплатата на патарините.

Обвинетите се пожалија, сведочеа и доставија документација преку која се жалат дека притворени лица (во притворот во Битола) биле чувани во самица, во исклучително тешки случаи, што е спротивно на закон. Во притворот во Битола им биле давани блaнко листови со цел штелување на датумите за прием на решенијата за притвор. Начинот за селекција кој обвинет да биде притворен, а кому да биде одредена мерка куќен притвор бил врз база на тарифник – од 3000 до 7000 евра, па имало и случај за лице кое  било во бегство да му биде доделена мерка домашен притвор.

Со цел да бидат осудени по член 353 за злоупотреба на службена положба и овластувања, 20 дена по притворањето, во притворот добиле решенија за промена на работниот однос, од јавни во државни службеници, а по пресудата повторно биле трансформирани во јавни службеници за да бидат избркани од работа. Во текот на постапката им било повредено правото на одбрана со недавање на записниците од претходното рочиште, со што биле спречени да се подготват за следно рочиште, за дури на крај на постапката да ги добијат сите записници наеднаш, по 8 месеци, кока најголем дел од нив не се ни сеќаваат што всушност било кажано на рочиштата.

На средбата беше речено дека во притворот во Битола Лидија Лазова била држена во самица, и во машки оддел, без да бидат обезбедени женски чувари, со што сериозно ги нарушиле нејзините човекови права. Во притворот немало воопшто парно на минус 28 степени Целзиусови, па Лидија била најсреќна кога некој чувар ќе ѝ донел шише со топла вода за да се стопли. Еден ден, во бањата, додека се туширала на екстремно ниски температури, во незатоплената притворска бања, Лидија се онесвестила и го скршила колкот. По операцијата, и покрај лекарското  мислење дека мора да оди на бања за да заздрави колкот со 4 вградени шрафа, не ѝ било дозволено бањско лекување. Лидија до ден денешен трпи сериозни здравствени последици поради нечовечкиот третман.

Во текот на постапката обвинителниот акт бил менуван неколкупати, но истовремено се менувале и наодите од вештачењето кое било правено од бирото за судски вештачења со цел да се дојде до пресуда по секоја цена. На почетокот биле товарени за едни суми, па за втори, па за трети. Разликата е утврдена од бројката помеѓу преброените возила од сензорите по наплатните рампи, кои служат само за мерење на тежина, но не и на број на возила (за што има и допис од францускиот производител) и бројот на издадени фискални сметки. Без да биде утврден бројот на возила кои не подлежат на плаќање (полиција, армија, инвалиди и други категории  возила кои не подлежат на плаќање), и без да биде утврдено кој од четворица во смена, дали и за колку возила не наплатил, произволно биле апсени и притворани, па од иста смена двајца биле апсени, а двајца оставани на работа.

По овој случај, преку создадената слика во јавноста дека многу се краде на наплатните рампи, обезбедувањето на сите наплатни рампи го презема СГС, и профитира милиони евра годишно, па постои сомнение дека осудените се колатерална штета заради бизнис интересите на поранешниот директор на УБК. Во пресудата исто така стоело и дека еден вработен работел без престан 72 часа, што е физички невозможно, а исто така дека друг работел 400 дена во годината, по математиките од вештачењето. Дополнително во пресудата пишувало и дека човек е осуден дека работел на една наплатна рампа, а осудениот за тој временски период работел на сосема друга наплатна рампа. Овие, и уште многу други прашања беа отворени на дебатата. Експертите ги сослушаа осудените и членовите на нивните семејства.

Донесен заклучок, по разгледувањето на целокупната долкументација, по 15 септември да се одржи нова дебата на која што ќе се договараат конкретни чекори како овие граѓани да дојдат до својата правда. На средбата присуствуваа Ване Цветанов, судијата во пензија и универзитетскиот професор Бранко Секуловски и обвинителот во пензија Ѓорги Настевски.

Највисоката казна од 6 години и три месеци му е изречена на првообвинетиот Ирфан Идризи, а најниската казна од 8 месеци затвор на изработувачот на лажните фискални сметки.

В. М.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.