6 C
Skopje
понеделник, декември 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нова казна за ексцентричниот Кирјос

    АТП му ги одзеде парите во износ ос 21.085 долари, кои секој играч ги добива за пласман во првото коло на турнирот од серијата 1.000 и доби дополнителна парична казна.

    Кирјос е санкциониран со 10.000 долари поради „неспортско однесување“ во дуелот со Стив Џонсон.

    Австралиецот, во првото коло, без објаснување го напушти теренот откако го загуби првиот сет во тај-брејк, изнервиран поради судиските одлуки, но потоа тој се извини истакнувајќи дека имал здравствени проблеми.

    Овој инцидент се случи само два дена по финалето во Пекинг против Рафаел Надал, кога поради жестоката расправија со судијата Лајани ризикуваше да добие дисквалификација.

    Инаку, Кирјос направи скандал и минатата сезона на турнирот во Шангај, кога за време на дуелот со Миша Зверев влезе со расправија со еден навивач. АТП потоа му изрече тринеделна суспензија и парична казна од 16.500 долари.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.