Во минатото се сметало дека ако жена не сака на сопругот да му ги измие нозете тоа е исто како и да не го сака. Иако сте помислиле дека такви повеќе нема, еден случај веднаш ќе ве демантира.
Имено, една сопруга решила на својот брачен другар да му искаже љубов така што му ги измила нозето во леѓен откако се вратил од работа и со тоа докажала дека старомодни жени и денеска има.
Кој вели дека старомодните жени ги нема?
-Не зборувајте повеќе дека се измурени старомодните жени кои на мажите им ги переле нозете кога ќе дојдат од работа и кои знаеле да го почитуваат сопругот. Еве смејте ми се, но често знам на својот маж да му ги измијам нозете кога ќе дојде од работа, доброволно го правам тоа. Им ги перете ли нозете на вашите мажи или тоа на вас ви е понижување? – напишала под фотографијата која ја објавила на Фесјбук.