6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

На рели на Корзика загина фоторепортер

Францускиот фоторепортер, Стефан Жироди, 49-годишен, загина во текот на релито „Mare e Machja“ на Корзика откако на него налета еден од учесниците во трката.

reli-korzika

Несреќниот Стефан Жироди бил удрен кога на него налетал автомобил во полна брзина кој излетал од патеката. И покрај брзата лекарска интервенција, за жал, за фоторепортерот немало помош, починал на самото место.

Организаторите на трката објавија дека фоторепортерот стоел на позиција која не била предвидена за гледачи.

Возачот на автомобилот кој удрил во Жироди и неговиот совозач завршиле во болница во Ајачио во состојба на шок.

На релиот „Mare e Machja“ учествуваа 140 екипажи, а по несреќата саботната трка беше прекината.

„Требаше да биде тоа фестивал на автоспортот, а за жал сето се претвори во трагедија. Ги преземавме сите потребни мерки за да не дојде до вакво нешто. За жал, сепак се случи несреќа. Сакаме да изразиме сочувство до семејството на нашиот пријател Стефан“, порача претседателот на Организацискиот одбор, Кристијан Леса.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.