6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Надал со скратен календар на настапи во 2019

    Рафаел Надал не планира да ја повтори 2018 година и следната сезона ќе игра многу помалку за да ја продолжи својата кариера.

    Во 2018 година, 17-кратниот гренд слем шампион беше светски број 1, победи во 45 од 49 меча и освои пет АТП титули и немаше пораз пред четврт-финалето на турнирите. Меѓутоа, повторно поради повреди тој имаше само девет турнири, мачејќи се со колкот, стомачните мускули и коленото и пропуштајќи го вториот дел од сезоната. Тој се повлече од двата гренд слема на хардкорт подлога.

    Рафа почна со тренинзи во неговата академија во Мајорка и за неколку дена ќе патува во Абу Даби каде што од 27 до 29 декември ќе учествува на егзибицискиот Мудабала шампионат. Официјалниот старт на сезоната ќе биде во Бризбејн, а ќе игра и во Сиднеј на турнирот со „Фаст4“ правила, пред настапот на Австралија опен.

    По ова следува турнирот во Акапулко на крајот на февруари и настапите на Мастерс 1000 турнирите во Индијан Велс и Мајами, а главниот фокус е на сезоната на земја и настапите во Монте Карло, Барселона, Рим и секако Ролан Гарос. Тој ќе го пропушти Квинс Клаб и ќе оди директно на Вимблдон, по што ќе следуваат турнирите во Монтреал, Синсинати и САД опен и Лејвер купот во септември. Шангај и Париз се на распоредот на Надал, како и АТП финалето во Лондон, каде што никогаш не ја освои титулата.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.