Медициска сестра Наташа От (39) од Њу Орлеанс починала чекајќи резултати од тестот за коронавирусот.
Првите симптоми ги почуствувала на 10 март. Имала благо покачена температура, па му испратила порака на своето момче Џош Андерсон дека не се чувствува добро. На Наташа и кажале дека е во низок ризик од Ковид- 19, па таа одлучила да не се тестира.
„Пропушти шанса да се тестира поради некој друг кој би морал“ рекол Џош.
Сепак до 16 март симптоми биле се уште присутни, таа решила да се тестира. Според наводите на Џош таа чувствувала „нешто на плуќата“, но и покрај се му се придружила да го прошетаат кучето надвор, но во петокот навечер Џош го пронашол безживотното тело на Наташа на подот во кујната.
Резултатите од тестирањето се уште не пристигнале, пишува порталот „Нола.цом“.
Во емотивното писмо на Џош објавено на фејсбук, тој наведува дека разговарал со Наташа неколку часа пред да почине.
„Ми напиша ‘Добро утро, те сакам’, а за мој срам јас и одговорив “Утро сонце, како се чувствуваш’. Многу ми е жал што не и одговорив “ те сакам и јас тебе’“ наведува тој додавајќи дека загубата е огромна.
„ Да видиш жена која беше така полна со живот, да лежи на подот мртва, беше ужасно!“рекол Џош за „Мирор„.
Причината за смртта се уште не е позната, нема информации од обдукцјата, но медицински лица тврдат дека таа починала од Ковид- 19.
Нејзиното момче порачува дека овој случај треба да биде „будење“ за сите оние кои не веруваат дека Ковид- 19 е смртоносен.
„Можеше да се тестира порано, но имаа само пет теста и не сакаше да потроши еден“ вели тој.
Истакнал дека пред само неколку недели верувал дека млади и здрави луѓе како него и Наташа не може да се разболат.
Вели дека симптомите на Наташа биле многу слични на настинка со грозница и губење на апетитот.
„Времето за шеги за Ковид-19 помина. Време е да се сфатат работите сериозно и да се чувате себе си и своите сакани“ порача Џош.