Хороскопскиот знак открива многу за карактерот на човекот. А од неговиот карактер зависи и каков ќе биде тој, кога е вљубен. Што вели Вашиот хороскопски знак за чувствата кои ги имате кон партнерот?
Овен – бавно, тешко, но длабоко
На овенот тврдоглавоста јасно му се гледа и во начинот на кој претставниците на овој знак се заљубуваат. Кај нив тоа се случува тешко и бавно. Иако се страстни по природа, тие имаат потреба од пријателството. Тешкиот почеток ќе биде награден со една емотивна врска, во која секој миг ќе Ви биде интересен.
Бик – го слушаат срцето
Претставниците на овој знак можат добро да направат разлика меѓу тоа што им го кажува разумот, а срцето. Ако имаат чувства, воопшто не прашуваат дали ќе е разумно да бидат со таа личност.
Рак – две назад, една напред
Раковите се исклучително критични кон идни партнери. Тие преферираат да го критикуваат идниот партнер, наместо отворено да признаат пред другите и пред себе, дека всушност го сакаат. Со Раковите треба да се дејствува фино.
Близнаци – без експерименти
Близнаците се заљубуваат сосема чисто и невино. Го отвараат срцето и даваат се од себе во својата нова врска и го очекуваат истото и од другата страна. За жал, тоа не секогаш им се случува. И почесто тие остануваат емоционално повредени, затоа не сакаат да прават експерименти во љубовта.
Лав – брзо и често
Тоа е еден од највљубливите знаци. Често ги мешаат доброто пријателство со нешто подлабоко и поради оваа причина, обично се првите во врската, кои се заљубуваат. Потоа ги прават сите напории другиот да се вљуби во нив.
Девица – засекогаш
Девиците се емоционални личности. Навидум се кротки, но тоа само им го прикрива богатството од чувства кои го кријат во срцето. Тие го подаруваат своето срце само на луѓе за кои проценуваат дека навистина вредат. Точната проценка ги штити од љубовни разочарувања.
Вага – само претпазливо
Вагите се навикнати да се предмет на внимание и од оваа причина, не трудат да вложуваат многу емоции во врската. Се вљубуваат наивно или им треба многу долго времеда влезат во врска. Тие се исклучително претпазливи со новата љубов.
Скорпија – опасни се
Скорпијата бара многу внимание и посебен третман, за да биде освоен. Се вљубува многу тешко. Често открива прво пријател во партнерот, а потоа ја развива интимната врска. Партнерите на Скорпиите треба да се внимателни со нив. Вљубената Скорпија може да направи многу работи сакана личност, но внимавајте тие се многу опасни личности.
Стрелец – тие се многу точни
Стрелецот сака да се чувствува заштитен и сигурен. Имајќи ги чувствата на партнерот, сепак, се чувствуваат како капетани на врската – работите секогаш се под нивна контрола.
Јарец – напорно
Јарците постојано имаат стремеж за првенство по секоја цена, кое често ги чини многу. Кога се заљубуваат, тие се преселуваат во свој измислен свет во кој често играат улога, различна од онаа која им ја определил партнерот. Поради оваа причина чувствата често им се невозвратени.
Водолија – романтични
За Водолијата вљубувањето е романтично како во романите. За нив тоа е давање, што не може да е ништо друго, освен магија. Вљубената Водолија постојано размислува со што да го изненади партнерот. Со нив никогаш не е досадно.
Риби – чувствата им се тешко нешто
Кај Рибите чувствата им се со многу сомнеж и тие не се откриваат во целост. Можат да започнат врска само за секс, а со текот на времето таа да прерасне во нешто повеќе. Тешко им е да признаат и да зборуваат за своите чувства.