6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Каталонија: 90 отсто од излезените гласале за независност, условите недмократски

    Каталонската влада соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните кои излегле на референдумот за независност ја заокрижиле опцијата „да“. Регионалните власти соопштија дека на 7,87 отсто од граѓаните ја заокружиле опцијата „не“.

    Каталонија има 5.340.000 жители со право на глас, а на референдумот за независност излегле да гласаат 42,3 отсто, а за опцијата „да“, гласале 2.022 144 граѓани.

    Каталонските власти наведоа дека ова се резултатите од собраните гласови кои не успеала да ги заплени шпанската полиција. Портпаролот ва владата Џорди Туруљ рекол дека акцијата на шпанската полиција спречила околу 770.000 жители на Кталонија да го искористат своето право на глас.

    Претходно, премиерот Карлес Пучдемон прогласи победа на опцијата за независност. Тој истакна дека е создаден пат за едонстрано прогласување на независноста.

    Во текот на денов во Каталонија се случија големи нереди и судири помеѓу приврзаниците на независноста и полицијата која е под контрола на Владата во Мадрид, во кои се повредени повеќе од 800 лица.

    Работничкиот синдикат од Каталонија повикаа на регионален штрајк, кој е закажан за вторник. Како што се наведува во повикот до населението на оваа шпанска покраина, повод за штрајкот се „големите кршења на човековите права и слободи“.

    Шпанската полиција затвори 46 избирачки места, по шест во Тарагона и Џирона и седум во Лиједа. Исто така интервенираше и Цивилната гарда на 14 места во Барселона, 12 во Тарагона, осум во Џирона и 12 во Лиједа.

    Шпанската полиција соопшти дека гласањето целосно било оневозможено во 79 од вкупно 2.315 избирачки места.

    Премиерот на Шпанија Маријано Рахој во своето обраќање до јавноста истакнал дека „не е одржан никаков референдум“ и потсети дека Уставниот суд на Шпанија референдумот го прогласил за неуставен. н.ц.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.