Панос Каменос, кој до неодамна беше министер за одбрана во грчката влада, повика на масовни оставки со цел да се спречи ратификувањето на преспанскиот договор.
„До 14 часот ќе можеме да ја спречиме ратификацијата на договорот од Преспа со 101 оставка во Парламентот и да со тоа да ставиме крај на овој договор“, напиша Каменос подвлекувајќи дека тој прв ќе ја поднесе својата оставка.
Според најавите, грчкиот Парламент за ратификација на договорот би требало да гласа во 14:30 часот.
Μέχρι τις 14:00 μπορούμε να μπλοκάρουμε την ψήφιση της συνθήκης των Πρεσπών παραιτούμενοι 101 βουλευτές, υπογράφω την δική μου παραίτηση πρώτος, αποδείξτε κ Μητσοτάκη ότι δεν θα ανακουφιστείτε με την ψήφο των εφιαλτών ΤΩΡΑ ΠΑΡΑΙΤΗΣΗ
— Panos Kammenos (@PanosKammenos) January 25, 2019