6 C
Skopje
среда, октомври 9, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Зошто мажите не плачат?

    Драги родители, поттикнувајте ја секојдневно емоционалната интелигенција на своите деца, бидејќи друг никој нема тоа да го направи.

    Многу студии потврдуваат дека децата кои биле вклучени во програми наменети за раст и развој на социо-емоционални вештини се помалку агресивни, помалку анксиозни и дека подобро ги решаваат проблемите од своите врсници кои не биле вклучени во слични програми. Покрај тоа, добро развиените социјални и емоционални компетенции на рана возраст, директно се поврзани со идните академски успеси и состојбата на менталното здравје. Со други зборови, кога децата ќе научат како самите да се смират, како да ги изразат своите чувства и како да се однесуваат кон другите, создаваат цврст темел за иден успех и благосостојба. Накусо, еден од подобрите показатели за среќа и задоволство во животот е степенот на емоционалната интелигенција. Колку децата ни се емоционално поинтелигентни, толку ќе бидат посреќни!

    Што е воопшто социјална интелигенција?

    Да се биде емоционално интелигентен значи да се знае на прифатлив начин да се изрази својата среќа, тага и лутина. Благодарение на социјалната интелигенција знаеме дека живееме во хармонија со другите, дека имаме самодоверба, дека сме подготвени да се соочиме со проблемите и дека знаеме да прифатиме критика, а дека истовремено сме во состојба животните проблеми да ги претвориме во нешто конструктивно и на крај позитивно за нас самите.

    Тие лица кај кои е развиен овој вид на интелигенција поседуваат можност за емпатија, во состојба се да препознаат емоции кај другите, знаат да ги проценат своите можности, да се мотивираат и да ги надминат животните фрустрации.

    Како изгледа тоа во нашите краишта

    Кај нас на емоционалната интелигенција се гледа често со потсмев и сексистички. Често се смета дека е целосно непотребна и дека не е добро да се покажуваат чувствата, па дури и не е пожелно ни да се има, како на пример тагата. На секое игралиште ќе слушнете Машките не плачат! – Гледај колку си неубава кога плачеш… итн.

    Значи, ние на своите деца не им дозволуваме ни да ги имаат сите чувства, а изразувањето на истите кај нас е едно од многуте табуа.

    Ако се осврнеме на системот на образованието од најраната возраст па до крајот на основното или средношколското образование, ќе дојдеме до една лоша вистина дека во најмала рака не се води сметка за емоционалното здравје. Дури да бидеме отворени, можеме да констатираме дека нашата програма не ја препознава таа категорија.

    Децата кои живеат на поднебјето на поранешна Југославија се скратени од една важна компонента на интелигенцијата, а тоа е емоционалната!?

    Малку за истражувањата

    Многу истражувања потврдиле дека со развивање на емоционалната интелигенција кај детето, директно влијаеме на неговата можност да биде среќно во идниот живот. На тој начин го учиме да ги разбере своите емоции, да комуницира сталожено, да развива позитивни односи, да се справува со конфликти на ненасилен начин, да се поврзува и да остварува блискост и да донесува одговорни одлуки.
    Некои од конкретните показатели укажуваат дека децата кои поминале низ еден вид на програма за стекнување на емоционални и социјални вештини покажале:

    – Напредок од 23 отсто на социјални и емоцинални компетенции (пријателство, сочувство, подготвеност да помогнат на другите…)
    – Намалување за 11 отсто на анксиозноста и за 9 отсто агресивно однесување.
    – Подобрен е училишниот успех за 11 отсто.

    Па што тогаш ќе биде со нашите деца кои посетуваат градинки и училишта во чии рамки поттикнувањето на емоционалната интелигенција е непостоечко или само во траги? Како нашите деца ќе бидат компететивни на пазарот на трудот кога токму емоционалната интелигенција придонесува за успех и на тоа поле? Можеби токму нискиот степен на емоционална интелигенција на овие простори е феномен кој придонесува за зачестени судири, периодични војни и насилства.

    Драги родители, поттикнувајте ја секојдневно емоционалната интелигенција кај своите деца, бидејќи друг никој нема да го прави тоа.

    Еве и како…
    1. Читајте на своето дете и со своето дете, приказни, сказни и секое друго прилагодено четиво, бидејќи тоа помага на детето да ги разбере основните чувства.
    2. Разговарајте со своето дете. Во моменти на среќа и тага, вашето дете ве гледа. Зборувајте му за своите чувства со едноставен и разбирлив речник.
    3. Помогнете му на детето да го именува она што го чувствува.
    4. Не му забранувајте на детето некои емоции, како што е тагата. И машките имаат право да плачат!

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.