Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, во петокот околу пладне, бил почувствуван во Славонија, Хрватска.
Епицентарот на земјотресот, кој покрај Славонија бил почувствува и во соседна Србија, бил во близина на Велика Копаница на длабочина од 10 километри.
Според хрватските медиуми нема извештаи за причинета материјална штета.