Фудбалските репрезентативци на Португалија се пласираа во финалето на ЕУРО 2016, откако во полуфиналниот меч славеа прптив Велс со 2-0 (0-0). Португалците втор пат во својата историја ќе играат во мечот за титулата, пред 12 години на домашен терен беа поразени од Грција.
Полуфиналниот дуел во Лионминаво знакот на Кристијано Роналдо, тој стана првиот фудбалер кој настапил во три полуфиналниња на ЕП-а,а со постигнатиот гол се израмни на вечната листа со Мишел Платини, двајцата имаа постигнато по девет голови на контитнеталните шампионати.
Дуелот Португалија-Велс донесе просечен фудбал, Португалците беа тие кои го контролираа ритамот од почетокот до крајот. Велс во првото полувреме беше рамноправен партнер , но без Арон Рамзи играчитена Крис Колман не успеаја да организираат вистинска акција.
Пласманот во финалето Португалците го решија на самиот почеток од второто полувреме. Роналдово 50.минута беше повисок во скокот од Честер и го совлада Хенеси, а три минути подоцна Роналдно шутираше кон голот на Велс, Санчез кој беше во офсајд ја пропушти топката на која налета Нани и го постави конечниот резултат.
До крајот на мечот Велс два пати се закани со удари од далечина преку Бејл, додека Пртоугалците имаа неколку шанси да забележат поубедлива победа.
Противник на Португалија, на 10.јули, ќе биде победникот од полуфиналето помеѓу Франција и Германија кое ќе се одигра вочетврток.