6 C
Skopje
недела, јули 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ЕУРО 2016: Ериксон и Рицоли ќе ги судат полуфиналињата

    УЕФА ги делегираше Јонас Ериксон од Шведска и Никола Рицоли од Италија за главни судии на полуфиналните натпревари на Европското првенство во фудбал.

    euro 2016

    Шведскиот судија Ериксон (42) ќе го суди првото полуфинале на 6.јули во Лион, во кое ќе играат Велс и Португалија. Полуфиналето ќе биде трет натпревар на ова ЕП на кое Ериксон ќе биде главен судија, а втор на кој ќе настапи репрезентацијата на Велс.

    Швеѓанецот го судеше мечот Хрватска-Турција (1-0) во Париз и натпреварот Велс-Русија (3-0) во Тулуз.

    Пред мечот со Русија, Ериксон два пати му судеше на Велс и на двата меча островската селекција загуби, на домашен терен од Бугарија (0-1) во квалификациите за ЕУРО 2012 и во Чешка (1-2) во квалификациите за ЕУРО 2008.

    Португалија во квалификациите за ова ЕП славеше во Елбасан против Албанија (1-0), а мечот го судеше Ериксон.

    Велс во полуфиналето ќе биде без својот најдобар играч на ова ЕП Арон Рамзи и дефанзивецот Бен Дејвис, а исто така поради жолти картони кај Португалија ќе го нема Вилијам Карваљо.

    Никола Рицоли (44) ќе го суди второто полуфинале на 7.јули во Марсеј помеѓу Франција и Германија.

    Полуфиналето ќе биде четвртиот натпревар на ова ЕП, а втор меч на кој актери ќе бидат домашните репрезентативци.

    Италијанецот судеше на натпреварите Англија-Русија (1-1) во Марсеј, Португалија-Австрија (0-0) во Париз и осминафиналето Франција-Република Ирска (2-1).

    Триумфот над Ирска е прв триумф за Франција кога главен судија бил Рицоли. На ЕУРО 2012 во групата со Англија мечот завршил 1-1, а во четвртфиналето Франција загуби од Шпанија (0-2).

    На Германија и судел во квалификациите за актуелното првенство, односно во победата над Полска (3-1).

    Францускиот селектор Дидие Дешам за полуфиналето ќе може да смета на сите фудбалери, додека неговиот колега Јоаким Лев има сериозни проблеми околу составувањето на тимот. Германија до крајот на првенството ќе биде без Марио Гомез и Сами Кедира, додека поради повреда на коленото неизвесен е настапот на Бастијан Швајнштајгер. Поради жолти картони во полуфиналето ќе го нема и Матс Хумелс.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.