Во натпреварот во второто коло од Групата Е на европското фудбалско првенство во саботата во Бордо, фудбалерите на Белгија конечно ја потврдија улогата на фаворите против Северна Ирска, која ја совладаа со 3-0 со головите на Ромел Лукако во 48 и 70, и на аксел Витцел во 61 минута.
По изненадувачкиот пораз во многу бледата игра во првото коло против Италија од 0-2, Белгијците ја вратија довербата со супериорна игра против Ирците, тргнувајќи по победата од самиот почеток, иако ја утврдија дури во второто полувреме, кога ирската селекција ги прими сите три гола.
Белгиски херој во Бордо беше Лукаку поради двата постигнати погодока, а токму тој заедно со другиот стрелец Витцел, беа најмногу критикувани по поразот од Италија.
Во првото полувреме Белгија доминираше, но Ирците умешно се бранеа, па овој дел заврши без голови и речиси без шанси. Но веднаш на почетокот од вториот дела, во 48 минута, Белгијците поведоа со голот на Лукаку кој доби употреблива топка од Де Брујне и од работ на казнениот простор го погоди десниот агол од ирскиот гол. Ирците храбро тргана по изедначување, но набрзо, во 61 минута го примија и вториот гол, кога на нафрлување повторно од десната страна на Меунир натрча Витцел и со глава биеше неподбранливо. Во 70 минута Лукаку уште еднаш беше стрелец, откако Азар ја одработи целата акција, по што на првиот не му беше тешко да го совлада Рандолф.
Белгијците, кои многумина ги сметаат за фаворити дури и за европската титула, во третото коло играат против Швеѓаните за пласман во осминафиналето, додека Ирците мора да се надеваат на чудо против Италија, која со две победи веќе се пласираше. Италија има шест бодови, Белгија има три, а Шведска и Ирска по еден.
http://dai.ly/x4h9s5p