6 C
Skopje
петок, септември 22, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Драма на Први мај: Со секира му го одзела животот на сопругот

    Вчера на празникот 1-Мај, средовечна жена од скопското село Драчевица е осомничена дека со секира го убила својот сопруг, информираше во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

    Во текот на вчерашниот ден околу 14,52 часот во СВР Скопје, 45-годишниот П.И. од селото Драчевица, скопско, пријавил дека го пронашол неговиот 54-годишен братучед С.И. усмртен со удари од секира. Според пријавеното, тој претходно ја видел 51-годишната Ф.И., сопруга на С.И., како со секира во рака излегува од куќата на нејзиниот сопруг.

    Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата на нејзините родители ја пронашле Ф.И.. Таа била лишена од слобода и задржана во Полициската станица Кисела Вода.

    По наредба на Јавен обвинител телото на С.И. е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.