6 C
Skopje
среда, март 19, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дебакл, кошаркарите останаа без пласман на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги загуби сите шанси за пласман на Европското првенство кои ќе се одржи наредната година. Македонија во претпоследното коло загуби во Кавадарци од Велика Британија 62-89 (14-21, 16-23, 23-23, 9-22).

makedonija_kosarka

Македонија ја прекина убавата низа од четири последовни учества на Европските првенства, откако со убедливиот пораз на домашен терен од Велика Британија, кошаркарите ги загубија сите шанси за пласман на Евробаскетот 2017.

Оваа македонска селекцијаима лимитиран квалитет, но овие играчи сигурно може подобро да се носат со противниците во групата, кои не припаѓаат на европкиот врв.

Кога кошаркарите се доведоа во ситуација, против еден Луксембург да се мачат за да стигнат до победата и дека судбината ќе ја решаваат против Британија и Унгарија, јасно беше дека се оудени на науспех.

Многумина треба да понесат одговорност за оваа катастрофа. Играчите затоа што беа анемични во сите одиграни натпревари, раководството на Федерацијата затоа што на селекторската позиција донесе анонимус (Драган Раца), кој во сите средби делуваше загубено на клупата.

Инаку мечот со Британија наликуваше на претходните, одбранатат не функционираше, лоша бше организацијата на нападите, а и шутот функционираше само во третиот период.

Британците максимално ги искористија сите слабости во играта на Македонија, акумулираа 14 поени предност во првото полувреме, по 30 минути игра ја имаа истата разлика, а во последниот период целосно го декласираа македонскиот состав, чии играчи пред време се предадоа.

Преодна оценка за играта можат да добијат само Војдан Стојановски кој постигна 15 и Кире Николовски кој реализира 17 кошеви.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.