6 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Голман примил 43 гола, па завршил во притвор

Несекојдневна приказна поврзана со фудбалот доаѓа од Германија, откако дуелот помеѓу локалните клубови СВ Вондерот и ПСБ Оберхаузен завршил со резултат 0-43. Веднаш по мечот голманот на Вондерот завршил во притвор.

golman_priveden

СВ Вондерот е тим составен од бегалци од Сирија, Ирак и Гвинеја. На мечот со ПСВ Оберхаузен во тимот имало само осуммина играчи, но гостите покажале вистински ферплеј, па и тие играле со тројца играчи помалку.

На полувреме резултатот бил 0-35, а во второто полувреме гостите постигнале уште осум голови.

Натпреварот завршил со резултат 0-43, а пет дена по мечот полицијата го уапсила голманот на СВ Вондерот, Марк Квиотек.

„Само сакаат да расчистат некои работи“, рекол Квиотек.

И додека полицијата не соопштува зошто е притворен голманот, во јавноста се шпекулира дека тој се сомничи за местење на натпревари.

„Полицијата ништо не ни кажува, нашиот голман не можеме да го добиеме ниту на неговиот мобилен. Се надеваме дека ќе се врати во тимот до следниот натпревар“, рекол Кристијан Шер, дирекотор на СВ Вондерот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.