Во налет на товарен воза во северниот германски град Хановер смртно настрадаа двајца мажи и една жена, соопшти во вторникот локалната полиција.
Станува збор за момче на 18-годишна возраст и 20-годишна девојка. Властите сé уште не ја идентификувале третата жртва, исто така, млад маж.
Истрагата за несреќата, која се случила доцна ноќта во понеделникот е во тек. Полицијата верува дека тројцата млади луѓе бесцелно талкале по пините која околу 22.45 налетал товарен воз.
Сите три жртви биле усмртени на самото место во квартот Клеефелд, во источниот дел од Хановер.
Машинистот по несреќата доживеал тежок шок, а железничката линија во тој дел од градот била затворена до утрото.