Шпанските власти уапсија тројца Руси осомничени дека во Лорет де Мар до смрт претепале Италијанец.
Николо Чати (22) од Италија брутално бил претепан во клуб пред дваесетина сведоци. Момчето починало на пат кон болница.
Чати, кој живеел во близина на Фиренца, бил на одмор во познатото туристичко место Лорет де Мар со своите другари.
Наводно, причина за претепувањето е тоа што момчето случајно во метежот во клубот турнало еден од Русите.
Пријателите се обиделе да му помогнат на момчето, но не успеале. Дваесетина луѓе, пак, само гледале и стоеле настрана, без некој да му помогне на момчето.
Според пишувањата на некои шпански медиуми, Русите биле баратели на азил во Шпанија, а други пишуваат дека тие биле Чечени.